Виолета од ресенско низ солзи по настаните во Украина: Сега до гуша сме во кал, во жив песок

  • By admin
  • март 4, 2022
  • 0
  • 620 Views

Овоштарите од Преспа во незавидна ситуација откако Украина ги раскина сите договори за извоз на јаболка, јаболкарите велат дека се наоѓаат во неизвеснот.

Тони јаболка остануваат во магацините,дел ќе завршат низ ен деците, дел веќе се истураат во камионите за индустриска обработка.

Цената за килограм јаболко е многу ниска, продажба нема. Сега и со прекин на извозот за Украина и Русија ние пропаѓаме целосно се жалат ресенчани.

Цената во моментов за индустриско јаболка за преработка е само 2 денари по килограм. Тоа оди во Бугарија, Србија, Грција и нашите произведувачи.

Во Украина требаше да завршат од 10.0000 до 12.000 тони првокласно трпезно јаболко, но нема ништо од тоа.

Виолета Грујеска од Избиште одгледува хектар ипол јаболка сама.Со солзи во очите раскажува за макотрпната бо рба за опстанок.

„Целата работа што ја работевме со јаболката заминување за Русија. Каде да се носат јаболката сега, каде – никаде. Рекоа дека нема да не остават на цедило.Не на цедило, туку догуша не зак опаа во кал, во жив песок.

Работевме и се трудевме за денар ипол до два, за да сега јаболката се фрлат. Грев е да се фрлат за индустрија а толку многу се изнам ачивме.“ вели Виолета за ТВ 24.

Ваквата беизлезна ситуација ја делат неколку илјади јаболкари од Преспа. Привремено решение се гледа во интервентната мерка.

Поголем дел од населението во преспанскиот регион години наназад главната егзистенција ја обезбедува токму од продажбата на јаболка. Последниве години според нив се најктешки за оваа гранка.

Целата сторија со видео прилог може да се проследи на ТВ 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.