(ВИДЕО) Митко Јанчев видно незадоволен: Дали нивните судии не знаат да судат или можеби судат по нарачка

  • By admin
  • март 19, 2022
  • 0
  • 670 Views

Академија Пандев денес на гостувањето во Кавадарци славеше над Тиквеш (1-2) во 24. коло од ПМФЛ. Гостинскиот тим ја задржа втората позиција на табелата и одговори на успешниот настап на Шкендија на теренот на Скопје.

Струмичани не можеа да започнат подобро. Од првата акција беше постигнат погодок во домашната мрежа, а стрелец на голот беше Кристијан Велиновски.

Тој се најде на вистинското место по перфектниот центаршут на Бојан Димоски од левата страна.Тиквеш се обиде веднаш да се врати во игра.

Изнуди два корнери во низа, а по вториот имаше голема шанса за израмнување. Меѓутоа шансата на Александар Вареловски заврши во рацете на голманот Марко Јовановски, кој со потешкотии спречи реализација и расчисти од гол-линијата.

Следуваа големи реакции од домашните фудбалери и навивачи, но ништо од тоа, па предноста остана на страна на „пандевци“.

Гостинскиот тим се врати во одбрана и одлучи со дефанзива да го брани водството. Тоа остави простор за целосна иницијатива на екипата од Кавадарци.

По активниот почеток, следуваше период од мечот со многу прекини. Контрите беа шансата на „пандевци“, кои преку Велиновски можеше одново да се запише во листата на стрелци.

Но, на неговата шанса одговор имаше домашниот голман Мартин Давков и спречи нов погодок во својата мрежа. Завршницата од првото полувреме донесе очекуван замор кај актерите на теренот, па гостинот замина на пауза со минимална предност на семафорот.

Почетокот на второто полувреме одново донесе подобра игра на домашниот тим. Тоа на крај беше крунисано со израмнувачки погодок. Анаел Барга Нгоба со многу среќа стигна до топката по еден корнер и ја смести на вистинското место. Тоа дополнително ја разбуди публиката, која бараше пресврт од своите миленици.

Академија Пандев имаше можност брзо да ја врати предност. Одличната тимска акција која стигна до нововлезениот Пепи Ѓоргиев не донесе втор погодок.

Николче Шаркоски со многу чувство додаде до својот соиграч, кој лошо ја зафати топката и од непосредна близина успеа да промаши цел гол.

Тоа не беше последното големо возбудување во претпазливиот финиш на теренот во Кавадарци, бидејќи по една акција Димитар Митровски од далечина ја смести топката во мрежата на ривалот и донесе конечно славје за својата екипа.

По мечот видно незадоволен преку својот профил на фејсбук се огласи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев кој е најголем поддржувач на клубот и праша:

Кон троверзен пораз на нашиот тим Тиквеш во дуелот со Академија Пандев.

Затоа што од страна на судиите не беше признат очигледниот чист гол на нашите момци. Целиот натпревар беше лошо суден.

Ги прашуваме од ФФМ дали нивните судии не знаат да судат или можеби ,,судат по нарачка” и истовремено ги повикуваме да им се извинат на фудбалерите и навивачите на Тиквеш.

Ваквите судии треба да се изземат од македонскиот фудбал, за да не го уништуваат фудбалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.