(ВИДЕО) Македонското знаме гордо се вее во Уганда како благодарност за стујата и осветлувањето што го добија

  • By admin
  • февруари 12, 2022
  • 0
  • 604 Views

Пастор Филип Иванов од Велес од почетокот на месецов е во африканската држава Уганда каде што поголем дел од периодот го минува во џунгла, во шатор.

Притоа Филип шири позитива и хуманост, а тамошните жител, односно најмалите и тоа како му се радуваат и му се благодарни.

За Филип ова не е прво одење во оваа држава која не му е непозната, па сега само продолжи со хуманоста.

На неговиот профил на фејсбук речиси секојдневно можеме да видиме фотографии или снимки како го поминува времето во оваа африканска држава.

Но една негова објава привлече особено внимание откако објави снимка и притоа напиша текст во кој што вели:

Македонско-Афричка Божествена Организација, односно М.А.Д.О. како што самите луѓе тука од „џунглата“ го нарекоа нашиот заеднички потфат.

Пред десет години, кога првпат стапнав во Уганда, овде немаше ништо. Сега, благодарение на Бога и дарежливоста на Неговиот народ, тука има училиште (дел од него на видеото) во кое моментално се школуваат 320 деца, кои поинаку тешко дека би имале пристап до основно образование.

Минатиот пат купивме цистерна за вода, а при оваа посета им обезбедивме соларни панели, со што ќе добијат струја и осветлување. Во блиска иднина, ако даде Бог, се надеваме да го надградиме и прошириме овој проект.

И да, кога на многу места во Македонија нема да видите наше знаме, тука гордо го веат и постојано му благодарат на Бога за дарежливоста на Македонците.

Кои од ап.Павле се пофалени во Библијата баш за својата дарежливост кон другите народи, иако и тие самите биле сиромашни, уште на тоа време… Слава на Бога за сè!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.