(ВИДЕО) Калиопи реши да сподели лични фотки, досега необјавени кои и будат емотивни спомени

  • By admin
  • декември 29, 2021
  • 0
  • 561 Views

За Калиопи Букле не е потребно да се трошата премногу зборови. Таа е една од најистакнатите македонски уметница, вокален изведувач, композитор и текстописец.

Во својата татковина често е нарекувана Поп дива или Кралица на македонската поп-музика. Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите.

Во Македонија важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп-музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го помина во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик.

Ќе биде запаметена по победата на едно од првите изданија на детскиот музички фестивал Златно Славејче, во 1976 година, со песната Мојата учителка.

Потоа, Калиопи го продолжува својот пат кон славата преку учеството во хорот на Запро Запров Развигорче, со кој учествува на бројни турнеи во Чехословачка, Словенија, Австрија, во периодот од 1978 до 1980.

Се приклучува во класата на Марија Николовска и четири години изучува соло пеење. Соло пеењето ќе биде и нејзин академски избор со запишувањето на Музичката академија во 1984, во класата на Благоја Николовски.

Калиопи освоила трето место на Југословенскиот натпревар во соло пеење во 1984, каде настапила како најмлад пејач на класична музика.

За својот роденен Калиопи на социјалните мрежи сподели видео од колаж лични фотоаграфии досега необјавени и притоа напиша:

Поп-дивата Калиопи Букле го прослави роденден, а па тој тој повод објави компилација на нејзини фотографии и видеа од детството и песната „Роденден“, која за неа пред 5 години ја напиша нејзиниот поранешен сопруг, Ромео Грил.

Ајде да прославиме нов почеток низ моите 55 години живот. Затоа што годините за мене се само бројка, а помислата на годините е она што нè рефлектира во огледалото онака како што сакаме да се гледаме.

Јас себеси се гледам како времето да не постои за мене. Да се радуваме во тоа име. Ти благодарам, Ромео, за оваа роденденска химна“, порача славеничката.

Споменатото видео може да го погледнете тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.