Балканскиот народ е уникатен и единствен во многу работи и сфери, овој дел ја има таа посебност, различност, уникатност што ја нема никој друг.
Дали било тоа храна, музика, дружба, спорт, знаење, технологија балканскиот народ е иновативен во секоја смисла на зборот.
Балканската духовитост и смеа нема граници, а за тоа сведочи и шегата на тројца момци, кој на уникатен начин се забавуваа.
Па така тие со хармоника во нивните раци и силниот глас, пред кочината каде што престојува свињата одлучија да ја довикнат.
Но ја довикнаа на еден интересен начин, односно со песната која своевремено беше многу популарна ,, Излези мала” од Ферид Авдиќ.
А атмосферата кулминираше кога по неколку секунди, свињата излезе и се одзва на нивните повикувања што наиде на восхит и смеа кај присутните.
Ова видео кое кружи на социјалните мрежи го достигна врвот и наиде на многу позитивни коментари и ведрост во и онака тмурно време во кое живееме.
Нема што ова е уште еден доказ дека луѓето од овие простори се духовити, иновативни и дека само небото им е границиа во вакви случаеви.
Несомнено дека во опшеството треба да гледаме многу вакви позитвини работи, а за момците секоја чест, што го разубавија денот на многумина.