(ВИДЕО) Весело беше помеѓу Македонците во Австралија – со звуците на нашата музика и традиционални ора

  • By admin
  • април 24, 2022
  • 0
  • 534 Views

Како што е познато Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Според ОМД во Австралија има околу 200.000 Македонци. Најголема имиграција на Македонците има за време на Грчката граѓанска во јна и Втората светска во јна. Исто така голем број на миграции од Македонија во Австралија има во 60-тите и 70-тите години на XX век.

На пописот од 2011 година, 40.222 жители на Австралија се наведени како родени во Република Македонија.[4]Вкупно 93.570 жители се изјасниле со македонско потекло, или сами или во комбинација со друго потекло.

Во 2001 година, Македонија била 26-то најзастапено родно место во Австралија. Нашинците таму иако километри од своите родни места сепак ја негуваат традицијатата.

Овие денови се слави големиот православен празник Велигден, како кај нас така и помеѓу нашинците во нашата дијаспора.

Кога станува збор за Австралија и македонските забави, тука секако станува збор за Татјана Лазаревски и Новица Василевски.

Татјана Лазаревска која е eдна од нашите најпопуларни фолк пејачки, заедно со своето семејство, сопругот Новица Василевски и двата сина повеќе од пет години живее во Австралија каде што си купија и куќа.

Како што е познато, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн Австралија, а се преселија на симболичен датум, на Водици во 2015 година.

Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.

Главна причина бешена децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.

А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју.

Татјана и Новица за Велигден имаа настап во црквата Света Недела во Голд Коаст каде што помеѓу нашинците имаа забава за мерак, со ора и традиционална македонска песна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.