Весна му врати на Јоце од Германија: Чекај нешто сега јас да ти кажам

  • By admin
  • август 27, 2021
  • 0
  • 4642 Views

Со реакција на текстот кој ни го испрати Јоце, иселеник во Германија, се јави наша читателка по име Весна која сакаше да го сподели своето мислење во врска со темата.

Во врска со испратениот текст пристигнаа многу коментари за и против Јоце, но Весна решително го демантира неговото излагање, а тоа може да го прочитате во продолжение.

“Пред некој ден скролајќи низ почетната страница прочитав една испо вед на наш Македонец за да видам зошто има лавина коментари за текстот.

Е мој Јоце, не знам дали виде колку коментари имашр против твојот став, ама не си ти виновен, Македончето е такво, особено за тебе важи, само да се напаѓа другиот и да се биде незадоволен.

Наместо да ги оговараш соседите и да се жалиш од нив, подобро гледај си во твојот двор. И вие странците ќе ни дојдете тука на две недели и ра стур правите, сами правите разлика меѓу народот, па после ние во Македонија сме ви вин овни.

Мислиш во вашата Германија сè ви цвета и сè ви е дозволено. Не, Јоце, таму се знае што сте, само работници кои цел живот работат за да се обезбедат со имот и превозно средство, зашто со нашите плати не можете.

Не туку ни продавај приказни зашто ние многу добро знаеме каква е ситуацијата овде. Точно е дека има доста лош народ, безоб разни луѓе кои гледаат само за своја корист, но немој да генерализираш ако ти си имал непријатна случка само со еден сосед.

Како прво кај нас со соседот може да си поблизок и да очекуваш помош за разлика од некои роднини. Еве јас 55 години живеам со истите соседи и никогаш се немаме пожалено едни на други, а камоли да си викаме полиција дома.

Се знае тоа, ако живееш помеѓу луѓе мора да постои разбирање, не може само на едните како што им одговара. А ти што ќе направеше ако тие ти брмчеа а ти сакаш да одмараш или имаш гости дома?

Сигурно ќе ги опоменеше, па и пријавеше, за што во тој случај ќе имапе оправдување дека кај “вас во Европа” така се постапува. Не може кој кога сака да ти брмчи до глава, си има ред.

Тука добро си поминал, само со опомена, но да знаеш дека во Европските земји може и казна да си платиш, но не, пак македонскиот народ не го бива. Каде го има тоа само по свој народ да се плука, како сите други да се најдобри.

Сè дури не се научите да го цените своето и својот народ напред не можеме да одиме. Затоа ни се потсмеваат сите нации, зашто не знаеме како да бидеме сложни, да се почитуваме меѓусебе туку мора секогаш да постои поделба помеѓу напи и ваши, помеѓу овдешни и гастарбајтери.

Вие си мислите оти ќе дојдете тука и се ви е дозволено да правите, со самото ваше однесување и зборување се понижу вате сами себеси. Како прво немате култура, џабе што сте отишле во Европа кога не Европа уште не влегла во вас.

Баш ви кажувам, правете ги истиве работи што ги набројавте во Германија па тогаш изјаснете се и кажете дека никој ништо не ви направил ниту ве опоменал.

Не знам дали парата ве расипува или до што е, се правите важни и кај ќе ви текне ги оставате автомобилите. Не си само ти, низ целиот град е хаос кога ќе дојдете вие, не се знае кој каде паркира, мислите ако имате нови и модерни коли никој не смее да ве дира.

Немојте така ве молам. Какво воспитување да очекуваме тогаш од вашите деца ако вие се однесувате така? Се знае кога се работи во Европа, има определен временски период, се знае каде се паркира, вие дури за да не плаќате паркинг си ги оставате автомобилите кај најдете бесплатно, па после пешачите до станот.

А овде не ви е срам и пред вратата на соседот да ја оставите! Немојте да зборувате дека сите ви љубоморат на парите, и тука има луѓе коишто работат и имаат пари, но и ние другите кои сме среќни со тоа што го имаме, што имаме мир во куќа и се радуваме што во околината немаме такви луѓе како вас.

Не е се во парите и во големите куќи кои ги реновирате кога никој не ви седи во нив. Доаѓате само се чаламите неколку дена и после ајде пак работа, вие си знаете како ги заработувате парите и почитувате закони.

И за државните институции може да се жалите колку сакате, но ако и вие не пристапите со почит туку некултурно и сенправите важни како вие се да знаете и треба на вас да ви завршат работа, е тогаш богами секој би ви одвратил.

Ве замолувам немојте да се однесувате како да сте родени во Германија и да ја напаѓате татковината зашто ништо повеќе не сте од нас кои сме останати тука. Поздрав и сè најубаво ви посакувам!”

Автор: А. Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.