Велевска слави роденден: Искрено откри што си посакува

  • By klaster3
  • октомври 26, 2022
  • 0
  • 269 Views

Згодната прилепчанка со одличен глас и стас Елена Велевска веќе долги години е присутна на македонската естрада и притоа секогаш знае да е актуелна.

Елена се родила како втора ќерка во семејството Велевски. Уште на осум години запеала на училишните смотри на кои настапувала сè до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено била избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одржал во Пробиштип.

Својата прва песна “Сонувам” ја снимила на петнаесетгодишна возраст со групата “Уникат” од Прилеп. Тоа ја охрабрило да го сними својот прв солистички албум “Што ќе ми се пари”, а го снимила во прилепското студио “Точак” на кој продуцент му бил Дејан Момировски.

Набрзо започнала со настапи на фестивали, а првиот фестивал на којшто настапила бил “Гоце фест 2002”, каде со групата “Болеро” од Струмица ја испеала песната “Еј, моја Македонијо”.

Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.

Пејачката лани се разведе по долги години брак и минуваше низ тежок период, но сега вели дека сега се е во најдобар ред и посветена е на децата и кариерата.

Моментално работи на албумот „Ѓердан за душата” во кој ќе има неколку одлични песни, меѓу кои една со ќерка и која веќе тргнала по нејзини стапки.

Таа потврди дека се разведува од сопругот со кој ги има трите деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко, а од неодамна живее и одвоена од нив.

Јавноста редовно ја информира за себе и својата кариера на социјалните мрежи, по што следуваат лавина на коментари, лајкови и споделувања.

Така и овојпат, на социјалната мрежа Фејсбук сподели убава новост за нејзините фанови и пријатели. Имено, пејачката се всели во нов дом во Прилеп и правеше освет.

Освен тоа, Велевска има уште една причина за славење, поточно нејзиниот 42ри роденден за кој си посвети објава на Фејсбук и откри што си посакува:

Во 42та година посакувам Бог да е секаде со мене и моите најблиски.Да бидам опкружена со многу љубов,музика и вистински пријатели.На здравје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.