Многу генерации израснаа со скечевите на популарното „К-15“, нивната сатира и смисла за хумор претставено во ликовите на Цацко, Тошо и Миле.
И ден денес нивните скечеви се доста популарни и гледани и знаат да не насмеат. Васко Тодоров попознат како Тошо Ма лерот беше еден од најкултните ликови
Овојпат тој гостуваше во емисијата ,,Патот до успехот” каде му беше гостин на Мишко и зборуваа за најразлични теми, за тоа што прави денес Васко и што му се плановите.
– Роден сум во Радовиш овде живеев три годин, по што се преселивме во Скопје, повеќето роднини ми се токму од овде. Татко ми е агроном додека мајка ми е просветен работник.
– Ми недостига ,,к-15″ недостига и на сите други, мило ми е што и новите генерации растат со тие скечеви, вели носталгично Васко.
– Народот одлучи толку долго да издржиме на тв екраните, започнавме како радио емисија и потоа сето тоа прерасна во нешто многу поголемо кое за ж ал го нема веќе 8 години.
– Причината зошто не станавме популарни и во регионот би кажал дека е јазичната бар иера, ние го разбираме српскиот јазик но тие не нашиот, вели Тодоров.
– Најтежок жанр е сатирата, мислат така лесно е излези пред камера и зборувај но кога треба да го насмееш народот тоа е најтешко.
– Снимивме над 3.000 скечеви, вкупна екипа бевме петмина, сами си ги носевме костимите како и ликовите кој ние ги измисливме.
– Ден денеска сме во контакт со екипата од к-15 се слушаме, сите сме живи и здрави, но повќе само живи отколку здрави, вели низ смеа Васко
– Скечевите што ги правевме немаат име, туку монтажерот го избира името по некоја позната реплика во него, така да кога ме прашаат за некој скеч незнам конкретно на кој мисли.
– Кога снимавме ние имавме пријатели од сите политички табори и не се лут еа толку. Сега станаа некако чуствителни се појави говор на омаза.
– Не сум во план да се вратам во Австралија, решив да заминам да пробав нов воздух но по случувањата со актуелниот вирус сега за сега не заминувам од тука.
– Кога се прави сатира се прави на позицијата не на опозицијата. К-15 имаше најголем рејтинг во државата воопшто. Тоа што го работевме имаше влијание можам да кажам и на избори.