Најдобар доказ дека животот ги пишува највозбудливите романи се сиромашниот Ром од ваљевското село Грабовица и неговата сопруга, чистокрвната Англичанка Фејт.
Бранко е самоук виолинист кој свирел на локални забави и се хранел себеси и своето семејство. Веројатно дека така и би продолжил доколку не била Фејт, која се заљубила во него на прв поглед и не сакала да го остави во Србија.
– Отсекогаш ме фасцинирала ромската музика, таа за мене е неопислива убавина и кога го слушнав Бранко како свири на интернет, се воодушевив. Морав лично да се сретнам со него и да го слушнам како свири – изјави Фејт.
Фејт речиси две години го убедувала Бранко да се пресели во Англија, а кога успеала, тие двајца создале маг ија низ светот со хармониката и виолината на која свират двајцата.
Имаа исклучително забележителни настапи низ светот, а нивната музика никого не остава рамнодушен бидејќи во неа се вткаени сите емоции и необичната љубовна приказна на овие двајца луѓе.
После шест месеци врска решиле да се венчаат, а Фејт како што доликува на вистинска српска снаа го зела презимето Ристиќ. Оттогаш сите англиски медиуми пишуваа за нивната љубов.
– Сите ме прифатија одлично. Кога доаѓам во Грабовица се чувствувам како дома. Во Англија луѓето се ладни, не ги интересираат туѓите проблеми, а овде сите се топли, срдечни и разговараат меѓу себе – вели Фејт.
Овој необичен пар за неколку дена повторно доаѓа во Србија, во селото Прањане на Сувобор со цел да биде дел од Собирот на српските виолинисти.
Иако го обиколија целиот свет, велат дека ваква емоција никаде не доживуваат на сцената, како што е родната земја на Бранко.
– Чест ми е што повторно сум дел од најголемиот настан кој ја слави виолината. Посакувам кога почнав да имаше таква манифестација каде што можеа да те забележат и да ти дадат шанса.
Енергијата е неверојатна, бидејќи сите луѓе кои доаѓаат во Прањане се желни за изворни звуци кои будат најубави емоции и се лек за душата и срцето. Оваа година Фејт настапува со мене и нашите луѓе конечно ќе можат да не слушнат заедно.
Свириме разни композиции во светот, но најголемата еуфорија секогаш се појавува кога го свириме нашето оро, луѓето паѓаат во тр анс и не прашуваат што е тоа, а јас гордо велам – Србија е. Не се сомневам дека така ќе биде и во Прањани – рече Бранко.