Бобан Величковиќ од Србија се до 41 година од животот функционирал нормално и гледал, но трката по болничките врати и немањето конкретен одговор и несоодветен третман довело до тоа тој да стане слеп.
Тој својата приказна ја раскажува за ,,Прва.рс” каде објаснува што се случувало и како довело до тоа тој да стане слеп човек.
Бобан наведе на почетокот дека неговата баба била слепа, лекарите го објасниле неговото слепило или хен дикеп како наследен.
Губењето на видот на Бобан не се случи туку така. Отпрвин имал симптоми на црвени очи и лекарите скоро цела година прогнозирале што може да биде.
– По немилите настани во 1999 кај нас и во почетокот на 2000, мојот проблем со видот започна. Постепено се одеше, од самиот почеток одев по доктори.
– Цела година одев и можам да кажам дека се беше на претпоставки. Возев мотор и отидов кај нив а тие ми рекоа, дека не сум носел кацига, дека било до издувните гасови и не знам од што веќе.
– Започна магла да ми станува пред очите, се до еден ден кога се туширав и го изгубив видот, да беа по ажурни докторите, сега би гледал, вели Горан за ,,Прва.рс”
Бобан денес живее речиси „нормален“ начин на живот. Наидува на пречки во секојдневието, но тоа не го спречило да ја запознае сопругата Љубица со која има две деца.
Се запознале на работа, биле колеги, започнала дружба која завршила со љубов а таа долго време не верувала дека тој е навистина слеп.
– Отидов во молот како и вообичајно каде што работев, и реков на колегите ајде покажете ми која е најубава девојка овде, вели низ смеа Бобан.
– Влегов кај неа во дуќан, тука започна муабет, се зближивме, а таа долго не ми веруваше дека сум слеп, поради моите манири, додава тој.