Овој мајстор вели дека веќе не знае како да ги мотивира работниците.
Автомобилскиот сервис во Корушка не може да најде работници, иако нуди плата од 3.000 евра и работна недела која трае само четири дена.
Александар Врусниг (37), сопственик на автосервис моментално има пет вработени, а како што вели подолго време барал уште две лица.
-Јас нудам да работат четири дена во неделата, односно 30 часа и давам иста плата и плаќам плус 1.000 евра преку колективен договор, но никој не одговара. Се прашувам како повеќе да се мотивираат работниците – вели овој млад Австриец.
Пандемијата доведе до недостиг на обучени работници на пазарот, особено занаетчии, што им отежнува на работодавците да најдат работници.
– Ми се чини дека има се повеќе работници сакад да можат да работат помалку, а да имаат повеќе слободно време. Две години барам работници, беа неколку, но не останаа долго.
Ниту состојбата во другите служби не е подобра. Млади, обучени има малку, а на огласите речиси никој не одговара – вели Александар за тамошните медиуми.
И во Виена и недостасуваат квалификувани работници. Околу 60 отсто од компаниите се засегнати бидејќи не можат да ги најдат работниците што им се потребни на пазарот.
Александар се соочува со уште еден голем проб лем. Работниците доаѓаат кај него, поминуваат обука, учат работа и потоа одат да работат во поголеми фирми.
„Тие доаѓаат овде само за да соберат знаење и потоа да одат во поголем фирма“, вели тој.