Славиша Марковчевиќ и неговата сопруга Албина, кај кои оваа недела престојуваше тимот на „Работна акција со Тамара“, живеат во општина Штрпце во селото Сушиќи. Тој е Србин, таа е Албанка и нивната животна приказна е посебна.
Славиша ја запознал Албина преку познаник Албанец кога тој бил на море. Тие се заљубиле. Оставила добра работа во италијанската фабрика што ја имала во Тирана и поради љубов дошла да живее во Сушичи.
Вели дека овде тешко може да најде работа бидејќи нема работа ниту за мажи. А камоли за нејзе да работи и вели дека е голема сиромаштија.
“Тешко е, сè е далеку, супермаркет, болница, нема луѓе воопшто за дружба, но сепак полека се навикнав. Воздухот е чист, а сопругот е добар“, вели Албина, за ,,Прва рс”
– Имав сигурна работа и добро платена во главниот град Тирана, но откако се запознавме со сегашниот сопруг решив да заминам.
– Овде се е поразлично, беше многу тешко на почетокот, но семејството на Славиша ми даде мотив да издржам и ме прифатија, додава таа.
Славиша пред неколку години купил коњ и пренесува дрва, а живее со двете мали ќерки, кој му се на светот и за кој се грижи.
– Еве пред некое време купив коњ, со кој ги пренесувам дрвата што ги сечам, па ги носам и ги продавам, така заработувам некој денар.
– Овде сиромаштијата чука на голема врата, во цело село ситауцијата е лоша, тешко срврзуваме крај со крај, но семејството е најголема поддршка во се.
„Работната акција“ им помогна да ја реновираат старата куќа што ја наследил од дедо му, бидејќи куќата е во лоша состојба и градена пред околу 80.