Авионските карти поскапуваат а резервации за летови се помалку

  • By klaster2
  • март 10, 2022
  • 0
  • 347 Views

Закрепнувањето на патничкиот авиосообраќај беше запрено по немилите настани во Украина при што во текот на првата недела од настаните.

Резервациите за летови во Европа се намалени за 23 отсто, а трансатлантските резервации за 13 отсто, објави компанијата ,,ФорвардКејс” која ја следи статистиката.

Податоците за бројот на резервации во периодот од 24 февруари до 2 март, во однос на неделата пред немилите настани во Украина, се првиот показател за расположението на патниците за патување, наведува компанијата.

Поради зголемената инфлација и цените на нафтата, кои генерално ги загро зуваат економските перспективи, авиокомпаниите како што се

Луфтханза, Квантас и јапонската АНА холдингс, предупредија дека цените на билетите можеби ќе треба да се зголемат за да се покријат зголемувањето на трошоците.

Најпо годени дестинации во Европа се оние на истокот, кои се најблиску до зоната на настаните при што Бугарија, Хрватска, Естонија,

Како и Грузија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија бележат пад на резервациите за 30 до 50 отсто, според компанијата ФорвардКејс

Резервациите на домашните летови во Русија, која беше еден од светските авијациски пазари со најдобри перформанси за време на пан демијата, паднаа за 49 проценти.

Потпретседателот на ФорвардКејс, Оливие Понти, вели дека случувањето на истокот ги запрело закрепнувањето на резервациите.

Што започна уште во 2020 година кога се појави короната и потоа кога го достигна пикот, па така авиокомпаниите забележаа доста голема загуба а со овие настани на Истокот загубата ќе расте.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.