Велика Џангаловска Гатсис од Австралија: Патот до ветената земја не е секогаш послан со црвен килим

  • By klaster3
  • април 28, 2022
  • 0
  • 496 Views

Велика Џангаловска Гатсис е родена во стариот дел на градот Скопје, во така нареченото Ново Маало. Основното образование го започнала во училиштето „11 Октомври“, но поради скопскиот земј отрес била при нудена да смени други две.

На дваесет и седум години, после нејзиниот прв неуспешен брак, заминала во Австралија каде се уште живее со својот втор сопруг Христос Гатсис.

Велика е членка на литературните друштва „Ванчо Николески“ во Квинбијан и „Григор Прличев“ во Сиднеј и верува дека ваквите друштва се значајни за одржување на македонскиот јазик во Австралија.

„Уште од мала имав желба да читам книги, па од таму ја добив желбата да пишувам. Понекогаш е подобро еден напишам збор да ги изрази чувствата што се кријат во нас.

Друштвата се многу важни за промовирање на јазикот, културата и традицијата. Не треба да заборавиме од каде ни се корењата и преку друштвата имаме можност тоа да го одржиме.

И ние имаме нешто со кое можеме да се пофалиме, затоа се македонските друштва – да го зачуваме нашиот јазик сега и во иднина“, додава таа.

Нејзината книга „Во потрага за белиот леб“ е втор роман инспириран од вистински настани. Карактерот на нејзниот сопруг го пренела на главниот лик, но и неговиот те жок, ма чен живот кога живвел на село и откако дошол во Австралија.

„Знаеме дека патот до ветената земја не е секогаш послан со црвен килим. Работењето и живеењето таму е проследено со многу тешка работа, солзи и непреспиени ноќи“, вели Велика и објаснува зошто избрала дејството да се одвива кон крајот на 19ти и почеток на 20ти век.

„Со години Македонија била огра бувана а нејзинот народ на секаков начин по нижуван и мал третиран. Отсекогаш ние сме биле на некого црнка во окото, користејќи не на секаков начин.

Проблемот е од многу поодамна, но наместо да запре тој продолжува. Преку читањето на романот младата генерација може да навлезе во суштината и сржта на Македонецот.

Сите ние кои сме дојдени во Австралија а и ширум светот, дојдени сме со една цел а таа цел е подобра иднина за нас и нашите деца.

Треба да знаеме дека никој не сака да се оддели од својата земја, секој сака да си живеее таму кај што му се неговите, неговото место бидејќи секојпат нашето е подобро, поголемо, помилно.

Затоа многу жа лосно луѓето што се решаваат да одат на печалба тоа го прават зашто немаат друг излез, за подобра иднина и е проследено во книгата од почеток до крај“, заклучува Велика за СБС на македонски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *