Кристина Димитри: Не се шетам во латекс пред татко ми и мајка ми – горди се на мене и ме поддржуваат

  • By klaster3
  • ноември 9, 2022
  • 0
  • 376 Views

Кристина Димитријевска која ја освои тутулата на Мис Балкан, е една од нашите најпознати манекенки и фотомодели.

Откако пред три години се разведе од Кајмакоски, моделот, а од неодамна и пејачка, Кристина Димитријевска, продолжи со кариерата и повторно се врати на сцената.

Кристина за време на пандемијата освои необична тутула за Мис, Мис карантин. Да се биде „Мис карантин на светот” е ново искуство и титула која секогаш ќе ја паметам. Конкуренцијата беше преку 200 девојки од целиот свет“, изјави Кристина за тоа искуство.

Освен што и се врати на манекенската кариера, која ја стави во мирување кога во 2017 година го доби синот Давид во бракот со музичарот, таа периодов е една од најангажираните пејачки во нашите клубови, а настапува заедно со диџеј Боно.

Според заедничките фотографии кои ги објавуваат на социјалните мрежи, а на кои се гледа нивната блискост, не требаше многу, а да започнат шпекулациите дека музичкиот пар е во врска.

„Иако се знаеме кратко, имам чувство дека се познаваме со години. Поради таа близина, која се гледа и на сликите, најверојатно се појавија муабетите дека сме во љубовна врска“, изјави Кристина.

„Ми смета тоа што кога сум донела некоја титула, некоја песна, медиумите секогаш сакаат да го поврзат него со мене, ама знам дека еден ден ќе се избрише тоа“, вели таа.

Во последен период Кристина навистина сериозно посветува внимание на својот изглед на настапите, па може да се пофали со уникатниот стајлинг на македонската сцена.

Како гостинка во емисијата „Нешто конкретно“, Кристина проговори за тоа како се справува со негативните коментари за изгледот и дали тој влијае врз карактерот на жената.

На стејџ треба да се појавиш како вистинска ѕвезда, ако не си интересен во еден момент ќе згасн еш. И јас сум патријархално воспитана, дома не се шетам во латекс пред татко ми и мајка ми, но на стејџ сум тоа што сум.

Ние сме навистина сите примитивни во оваа држава бидејќи плаќаме многу големи суми на српските ѕвезди, а меѓу себе не се сакаме како што осеќам сабо тирање и врз мене.

Секогаш земам пример од светските ѕвезди. Не се ориентирам по тоа кој што ќе каже кај нас, а приватно пример ми е мојата мајка. Не сум направила ништо за да ја посрамам, горди се на мене и ме поддржуваат уште од 15 години кога почнав со јавна работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.