По 13 месеци поминати во болница Војче Коцев од Штип со три мозочни у дари и во лоша здраствена состојба денес е испишан од болницата.
А воедно и е оставен во дворот на неговото живеалиште. Коцев живее сам и ниту има си ла да се качи по скалите ниту пак некој да му помогне.
Тој нема никој кој би се грижел за него, бидејќи тој тешко може и да се движи но и да води грижа, едноставно препуштен сам на себе.
– Скоро 13 месеци бев на болничка нега, поминав доста време таму, но јас се уште не можам да функционирам и не сум добар, вели Коцев за ,,ТВ СТАР телевизија
Иако Војче има итна потреба од грижа и помош, денес од центарот за социјални грижи тој доби само оскудна храна но не и друг вид на помош.
– Дојдовме по дојава од болницата, ја констатиравме состојбата од терен, но во овој момент можеме да доставиме само храна
– За постојано живеалиште и сместување со нега, потребни ни се неколку денови, велат од центарот за социјални работи.
Ова значеше дека Војче Коцев треба да остане вака сам додека да му се најде сместување, што за него претставува голема неизвесност.
– Јас повеќе не можам сам да се грижам за себе, ми треба помош, отежнато ми е и зборувањето, не можам убаво да зборувам, додава Коцев.
По интервенција на Телевизија Стар привремено згрижување на Војче му обезбедија градоначаникот Јораданов и општината. Тој ќе остане на топло се додека не му се најде адекватно сместување.