Пристигнаа и тоа како поволни вести за Македонците во Италија, особено за нивните дечиња

  • By admin
  • октомври 22, 2022
  • 0
  • 234 Views

Како што е познато од година во година македонската дијаспора ширум светот се зголемува, па така не име на сите страни.

Со годините наназад, пред се неколку дестинации, поточно држави се издвојуваат каде што заминуваат Македонците на печалба и во потрага по подобар живот.

Една од нив е Италија, држава во која што пред се гравитираат луѓе од истокот на Македонија кои што се иселиле.

Токму за нив, поточно за Македонците во Италија деновиве пристигна вест која и тоа како ќе ги израдува и е поволна.

Македонскиот јазик ќе се изучува во училиштата во Италија, во градовите каде што има најмногу Македонци, предвидува пилот-проектот како дел од петтата Програма за соработка на полето на културата, образованието и науката меѓу Македонија и Италија.

Програмата беше потпишана од страна на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри. Дејствието се одвиваше во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје.

Амбасадарот, како особено значајни, ги истакна културните проекти реализирани меѓу двете земји, а најави дека ќе биде организирана и Недела посветена на италијанската кујна, која има културна вредност, препознаена и од УНЕСКО.

Силвестри додаде дека во тек е и Неделата на италијанскиот јазик во светот, којашто започна во понеделникот и е посветена на италијанскиот јазик што го говорат младите.

Во МСУ во тек е и изложбата „Современи екосистеми“ од италијанските уметници Антонио Масаруто и Роберто Геци.

Според министерката Костадиновска-Стојчевска, оваа Програма која важи до 2025, не исправа пред нови шанси за продлабочување и зацврстување на комуникацијата, размена на искуства, и афирмација на вредностите на двете земји, како и поволности за младите преку стипендии и размени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.