Таа е медицинска сестра, а тој сообраќаен техничар – но за нив нема работа па мора да се прехрануваат во планината

  • By klaster2
  • октомври 20, 2022
  • 0
  • 310 Views

Приказните што може да се видат се почесто е приказната и за Незира Кучуковиќ, медицинска сестра со диплома од Ви тез и нејзиниот сопруг Бехадил, сообраќаен техничар, преживуваат носејќи дрва од шумата со помош на коњи и колички, пишува ,,Дневни аваз”

Овој млад брачен пар не се жали на тешките услови за работа во шумата, туку на неправдата во општеството, поради што не можат да се вработат во професијата

И двајцата се обиделе да најдат работа во оваа професија, но се свртеле кон шумата за да ги прехранат своите три деца.

Навистина, Незира пораснала во семејство кое имало коњи, па не и било тешко да се навикне да работи со коњи во шумата.

– Живеам сам со своето семејство, немам мајка ни татко, мајка ми ја изгуби пред две години а татко ми уште кога бев дете, вели Бехадил.

– Коњот што го имам ме служи добро, но го купив 3.500 босански марки но се уште не сум ги отплатил бидејќи немам од каде, а и кога заработам за што попрво тие пари.

Оваа двојка има потреби, а една од најголемите е изградба на покрив на шталата бидејќи како што зимата поминува и козите не го поднесуваат студот, или ќе мора да ја покријат шталата или да ги продадат козите.

Интересно е да се забележи дека Незира и Бехадил ги носат своите две деца во шумата бидејќи немаат кој да ги чува и храни.

– Едно од децата оди во училиште, а другите две се со нас, што се мора не е тешко така велам јас, мора да се снајдеме и да преживееме, вели Незира.

Додека работат, децата се забавуваат сами или спијат, а Незира и сопругот од зори па до мрак работата за да обезбедат парче леб.

– Работата во шума не е лесна, тоа е една од најтешките работи и доста опа сно, но иако сум сообраќаен техничар а сопругата медицинска сестра за нас нема работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.