Осум гладни души живеат во куќа без струја: Се уште веруваме дека ќе дојде подобро утро

  • By klaster2
  • октомври 18, 2022
  • 0
  • 395 Views

Куќата на осумчленото семејство Зечевиќ е преполна со детска смеа, а пред еден месец синот Тодор донесе уште една радост во овој дом.

Четириесетина километри од Ивањица, во градот Подјавор, главта на семејството секојдневно се справува да им обезбеди на своите деца нормално и среќно детство.

Би се рекло дека природата била дарежлива кон жителите на ова село кога туристите доаѓаат во областа Ивањица, но тие сепак многукратно ја враќаат работејќи вредно и посветено за секое парче леб.

Грижата за шест деца во ова семејство воопшто не е лесна, а семејството им е благодарно за секоја помош што ќе стигне до нив од секој хуман граѓанин.

Малите дечиња од ова семејство кои посетуваат училиште треба да пешачат три километри до првиот јавен превоз, а како што вели нивната мајка, тие се тука за да помогнат со најмалиот брат и целата работа во и околу куќата.

Како што рече Добривоје Зечевиќ, помошта доаѓа од добри луѓе од целиот свет, а облека и пакетчиња за децата пред Нова година секогаш има обезбедено од Црвениот крст.

– Сега малиот Тодор не развесели со неговото пристигнувате на овој свет, понекогаш некој останува гладен но јас ја користам секоја прилика да заработам парче леб и да донесам дома да имаат овие деца, но толку ми се можностите вели , Добривоје за ,,Инфо лига”

Најголем проблем е долгот за струја, кој пораснал на 150.000 динари, но како што истакна градоначалникот на општина Ивањица, Момчило Митровиќ, кој го посети ова семејство, мора да се најде решение, бидејќи долгот настанал поради сиромаштија, не поради неодговорност.

– Се уште веруваме дека ќе дојде подобро утро, воопшто не е лесно, денот ми е исполнет до минутка, најважно си се имаме едни со други вели мајката Данка.

Иако немаат многу, Зечевиќ се среќни затоа што најголем адут им е што можат во секое време да си дојдат на помош еден на друг.

Денеска во селото останале само најхрабрите, а повеќе од ретко се случува во куќата да има осуммина, од кои шест деца.

Затоа приоритет на локалната самоуправа е да им помогне на Зечевиќ и на другите храбри луѓе за да останат на своето ог ниште, не само тие туку и нивните потомци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.