Дани Димитровска проговори за предлогот од Тоше Проески: Нешто такво не би ми текнало во тој момент

  • By klaster2
  • октомври 15, 2022
  • 0
  • 322 Views

Иако веќе со години физички не е помеѓу нас, Тодор Тоше Проески и понатаму живее во нашите срца, а неговите песни се вртат и непрекинато се слушаат.

Беше еден од најзпонатите македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија.

Човек чиј песни се уште се доста слушани не само во Македонија туку на Балканот и пошироко, неговиот ангелски и специфичен глас продре на секаде.

Да потсетиме, Тоше е роден 1981 година во Крушево имаше не многу долга кариера но творештвото што го остави неможат да го достигнат некој што би твореле и 100 години.

Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик.

Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Јестурдеј од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998), а се понатаму е историја.

Меѓу другото во 2004 година беше прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз ,,Ве сакам сите”

Успесите постепено се нижеа. Албуми, популарност и учество во евровизиски песни, соработка со многу имиња од светот на музиката. За жал, сè престана прерано во 2007 година.

Токму во недела се навршуваат 15 години од заминувањето од овој свет на нашата музичка икона. Ден кој буди горчина во душата на многумина.

По тој повод, многу јавни личности со кој соработувал и творел ја отворија душата, раскажаа за човештината на него а пејачката Дани Димитровска проговори за предлогот што го добила од него.

– Јас и тој седевме во автомобилот и слушавме музика на топло. Тој ми предложи ајде наместо што седиме вака во автомобил да направиме некое добро дело?

– Се согласив јас. Отидовме кај него дома, направивме час и го ставивме во термоси. Одевме од раскрсница до раскрсница го поминавме цел град.

– Им делевме топол чај на весникарите, односно тие што во тоа време продаваа весници по раскрсниците. Бев запре пастена од идејата.

– Негова беше идејата, тој возеше а јас давав чај. Тие што продаваа весници беа многу радосни и му се заблагодаруваа а јас бев во фазонот ,,Еј и ја сум тука”вели низ смеа Дани Димитровска пред камерите на ,,МРТ телевизија”

– Тој ја имаше таа харизма. Го имаше тоа чуство без оглед на кој левел се наоѓа било кој човек. За мене тоа беше една голема лекција и искуство. Нешто што на мене не би ми текнало во тој момент во тие години.

– Од неговите песни најмногу ги сакам оние во почетокот на кариерата, кој зрачат со невиност со отвореност. Тие ми се посебно мили, вели Дани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.