Откако олабавија мерките на македонските музички ѕвезди им нема застој. Продолжија да ги редат настапите кај нас и во странство како порано.
Некои започнаа, а некои се уште најавуваат турнеи надвор од Македонија – Австралија, САД, Германија, Швајцарија, Италија, Канада и многу други земји каде што има Македонци.
Една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани, Сузана Гавазова, го докажува својот епитет периодов кога не може глава да крене од забави.
Што приватни прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.
Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.
Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.
Ако некоја пејачка во Македонија е зафатена, тоа е токму Сузана Гавазова. Струмичанката е постојано на снимања, патувања, настапи, како ширум Европа, така преку океанот.
Сузе како што е познато со професионална музичка кариера почнала да се занимава уште од многу млада и на сцената опстојува со години.
Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните македонски турбофолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.
Познато е дека е добра пријателка со нејзиниот колега Влатко Миладиноски за кого никогаш не штеди убави зборови.
На едно гостување во емисија на МТВ таа му даде голем комплимент откако напиша: Со кралот на македонската песна. Така и овојпат, Гавазова и Миладиноски заедно со уште неколку други музичари се споија и заминаа на настап.
Се огласија на социјалните мрежи од пристигнувањето во странство и порачаа: Швајцарија, дали си спремна? , напиша Гавазова на нејзиниот профил.