За кубик огревно дрво се плаќа и над 5000 денари, но познато е колку навистина е цената

  • By admin
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 392 Views

Сезонава е потешко од било кога да се стигне до огревно дрво и покрај цените кои скокна до плафон и растат буквално од ден на ден.

Многу граѓани се уште иако нарачале, не добиле огревно дрва. Исто така договориле по една, а кога ќе и истоварат плаќаат друга цена.

На вчерашниот брифинг, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведе дека, откако дознал за ова, на минатата владина седница ал армирал за проблемот и, како што нагласи, очекува утре да добие информација од Пазарниот инспекторат и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3.000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот – посочи министерот.

Нуредини истовремено упати апел граѓаните да престанат со нелегалната се ча на шумите.

Цената на дрвата за греење на плацевите на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ изнесува 3 илјади денари со вклучен ДДВ.

Приватните оператори кои директно купуваат дрва оттаму плаќаат 2.500 денари за метар кубен со вклучен ДДВ, но кога потоа им ги продаваат на граѓаните, цената е двојно повисока и достигнува до 5.500 денари.

Директорот на Јавното претпријатие, Валентин Груевски вели дека транспортот може да има улога во поскапувањето, но не ја оправдува толку големата разлика меѓу нивната цена и онаа кај приватните оператори.

Цената е пониска, но нема дрва. Груевски вели дека количината со која компанијата располагала годинава била поголема во однос на претходните години, но побарувачката е уште поголема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.