Една од најпознатите македонски учеснички во „Ѕвездите на Гранд“, Марија Груевска, изминатиов период беше доста актуелна по медиумите низ земјава.
Покрај екст равагантните настапи по кои ја памети македонската јавност, Груевска со сигурност ќе биде запаметена и по свршувачката со нејзиниот сакан Синиша Стојаноски која се случи пред неколку месеци.
И додека за таа прилика идните младенци ги собраа само најблиските членови на семејството и најблиските пријатели, свадбата закажана за август ќе биде нешто сосема спротивно.
„Свадбата ќе се одржи во средината на август на отворено во манастир во близина на Битола. Со Синиша очекуваме околу 600 гости, а прославата ќе трае три дена и се надевам дека се ќе биде максимално свадбено – гордо вели Марија за Гранд Онлајн, која ќе се потруди овие три дена да биде најубав спомен на секој што доаѓа.
Освен на пријателите и роднините, поранешната финалистка ги доставила поканите на адреса и на колегите од натпреварувањето „Ѕвезде Гранда“ со кои ги споделила најубавите моменти во текот на месеците на учество.
– Ги поканив сите со кои се натпреварував и уште десетина од страна кои ми се големи пријатели и беа и во „Ѕвезда Гранда“. Се надевам дека и тие ќе го земат микрофонот покрај главниот бенд кој е задолжен за забавата, а тоа е Молика јуниор, исто така мои големи пријатели – додаде Груевска.
Со оглед на тоа што при нејзиното учество во споменатата шоу програма, публиката се навикна на необични модни комбинации, таа нема да отстапи од тоа ниту за нејзиниот најубав ден.
Идната невеста тогаш вети забава за паметење за сите оние кои ќе присуствуваат на оваа прослава во текот на три дена, а четвртиот го најави како опција за најхрабрите.
Но, животот често знае да си поигра со луѓето, па така за жа л пејачката сподели не убава вест на нејзиниот профил.
„Ќе ми недостигаш премногу. Животот е некогаш премногу су ров и незнаеш дали да се радуваш зошто за три дена правиш свадба или да плачиш заради загубата на најблиска личност.
По чивај во мир бабичке најсакана секогаш ќе живееш во мене и во моето срце“, со та га сподели Груевска.