Александра, Катарина и Дејан се херои на денот – за нивното дело во Грција уште долго ќе се зборува

  • By klaster3
  • август 4, 2022
  • 0
  • 496 Views

Сезоната на летни одмори веќе е во својот ек, па многумина наши, но и српски туристи како прв избор за летен одмор ја избираат Грција и преубавите грчки плажи.

Она што привлече внимание кај јавноста е настан кој се случил на плажа во местото Ставрос кога за влакно фалело човек да се уд авел во морето, но дел од туристите ја покажале својата хуманост.

– Тој беше син, јас и кумата истрчавме, го свртевме на страна и почнавме да ја испумпуваме водата, вели медицинската сестра Александра Николиќ, вработена во Институтот за итна медицина во Ниш, која заедно со кумата и докторката Катарина Стошиќ и полицаецот од Белград Дејан Богосављевиќ му го спасиле животот на постар Грк кој се да вел во водата.

– Со кумата бевме на плажата во Ставрос и видов кога еден човек, за кој се испостави дека е наш полицаец, влече од водата крупен човек кој беше модар.

Ние двете веднаш истрчавме, го свртевме на страна и почнавме да ја испумпуваме водата. Исфрлаше кр в и пена од белите дробови – објаснува таа. Како што вели, истрчала кај сопственикот на кафулето да и каже да повика брза помош.

– Им требаа 45 минути, можеби и повеќе да дојдат. Причината е што дојдоа од Солун, а ние сме во Ставрос на одмор – вели Александра и додава:

– Нашиот полицаец Дејан притрча кај спасувачот и ни донесе кислород, што многу ни олесни. Истрчав до станот да земам дел од лековите што ги имавме, но во последен момент од спасителот дознавме дека ние како странски државјани не смееме да применуваме никаква терапија во странска држава – вели таа.

– Во меѓувреме човекот се освести, почна да си ја враќа бојата и тогаш дознавме дека е Грк. Сопственикот на кафулето ни преведе. Како што дознавме, зел апче за смирување и се чувствувал л ошо – вели Александра.

– За нас тоа е работа што ја работиме секој ден дома, но тука се случи да биде на плажата каде што бевме без опрема, импровизиравме и ни е драго што човекот жив и свесен беше однесен во болница.

Добивме информација дека човекот е добро. Имаше и колеги од Сомбор и здравствени работници, па Грците што не најдоа таму на крајот рекоа „Ништо без вас Србите“, додаде таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.