Дане на 86 години со велосипед оди да собира чај и билkи кои ги продава: Го правам тоа за да сум активен и да ми помине време

  • By admin
  • август 3, 2022
  • 0
  • 392 Views

Дедо Дане од Штип повеќе од 30 години се занимава со собирање и продажба на чаеви и билки. Живее во градот, а со велосипед оди до подножјето на Плачковица за да собира чаеви кои потоа им ги нуди на граѓаните.

Вели задоволен е од побарувачката, но заради су шата изминативе неколку години и Плачковица веќе не изобилува со билки како претходно.

Како за примерОваа година собрал едвај 100 топчиња чај, а од годинините назад се собирале и по 800.

„Чајот е од подножјето на Плачковица, нудеме липа, коњска опашка, подавиче нане, жолт кантарион имаме. планински босилок.

Повеќе кантарион земаат граѓаните, ама купуваат од се по нешто. Еве зимаат и нане, липа, секој по свој вкус. Чајот го собираме од мај па до сега. Ама чај има ретко, на пример оваа ментата ја имаше пред шест години и дури сега излезе.“

Дане освен чаеви на граѓаните им дава и реце пти, како што вели тој проверена литература за тоа како и за што може да го косритат чајот.

„Скоро сите бил ки ми се познати, имама литература и тука на муштериите им давам и ре цепти и оргинал зошто се точно не може да му кажеш на човек.

Чичко Дане живее со мала пензија, но откако се пензиоирал како хоби продолжува да собира чај. Заедно со неговиот сосед на 86 годишна возраст со велосипедот минуваат и по 30 километри за да соберат чај. Не е исплатливо, но барем има некаква активност.

Имам една мала пензија, но ете така сакам да работам, да се движам, се уште сум на точек. Одиме со точак по 30 километри со еден другар заедно.

Пред камерите на М- Нет телевизија чичко Дане вели можеби осоговијата и Малешевијата имаат подобра понуда за чај, но за него тоа е неисплатливо.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.