(ФОТО) Малку фалеше српската пејачка да не пристигне на време во Македонија – објави што ја снајде на пат

  • By admin
  • август 1, 2022
  • 0
  • 335 Views

Во последне период секојдневно сме сведоци на се поголеми гужви на граничните премини за влез, но и за излез од Македонија.

Тоа пред се се должи на странските туристи кои транзитираат кон Грција, но и на нашите иселеници кои традицонално овој период од годината се враќаат во родните места.

Колоните од ден на ден се се поголеми, па достигнуваат и по неколку километри што резултира со долги неколку часовни чекања на границите.

Особено ова важи за викенди каков што беше изминатиот, особено пак ако е продолжен и во пресрет на празник.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози информираа од АМСМ утрово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу еден час, а на ГП Богородица за излез се чека околу 40 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одро ни.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради гужва на границите вчера малку фалеше српската пејачка Теодора Џехферовиќ да задоцни на настап во Македонија, поточно во клуб бо Делчево.

Таа на Инстаграм објави видео од граничниот премин Прешево каде што се наоѓаше во долгата колона која стои, но за среќа сепак навреме отпатува во Делчево и имаше настап.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.