Спенџарска се оглaси од Хрватска откако и пишаа дека е селанка

  • By klaster3
  • јули 29, 2022
  • 0
  • 426 Views

Познатата македонска водителка Јелена Спенџарска периодов го користи максимално за да ужива на топлото сонце и разбрануваното море.

Откако започна сезоната на одморите Спенџарска буквално не е застаната. Откако Јелена беше во Италија, Грција и Шведска изминатиот период, сега дојде време и на Хрватска каде што се наоѓа во Сплит.

Секојдневно е активна на социјалните мрежи, па од она што го споделува нејзините фанови може да забележат дека водителката е презадоволна од нејзиниот начин на живот, тело и умстве на состојба.

Ако некој е познат по давањето совети и мудри мисли за живеење исполнет и задоволен живот, тоа сигурно е незаменливата Јелена Спенџарска.

Таа на својот инстаграм профил каде што е мошне активна сподели пост со низа фотографии од тоа како си поминува на одморот. Притоа добива безброј позитивни коментари за нејзиното тело, за позитивата што ја шири околу себе и затоа се огласи:

„Одморот тука е дефинитивно најдобриот и најубавиот одмор кој некогаш сум го имала!!! (Кога ќе ми текне колку се двоумев дали да дојдам и колку немав апсолутно никакви очекувања, лелее).

Овде се видов себе во светло кое го сакам засекогаш и по којзнае кој пат ми се докажа тврдењето дека средината во која живееш е мноооооооогу важна за твоето мен тално здравје.

Овде луѓето се толку поинакви, сите се дојдени на одмор и се што сакаат е да се забавуваат најдобро што можат со луѓе од иста цел…и ако и си и ти таков човек кој е отворен за прекрасни авантури надвор од твојот секојдневен живот, тогаш најлесно е да се споите и да уживате сите заедно!

Ако ми верувате, се трудев колку што е можно повеќе да избегнувам фб. Таа мрежа е толку отро вна што едвај чекам да ја избришам. Единствена точка со македонскиот менталитет ми беше еден коментар кој го добив на тик ток од извесна Маја која ми имаше пишано селјанко под едно видео.

Колку тажно и за Маја и за мнооооогу такви кај нас кои секој ден ја пропуштаат шансата да направат ремек дело од својот живот! Мене ми требаше време да сфатам која сум од каде доаѓам и што се можам, сега само уживам

во својата ма гија и никогаш повеќе не сум си го почитувала своето време и својата душа. Овде пронајдов дел од себе кој никогаш повеќе нема да го изгубам и кој ќе ми донесе масивни промени, знам! Поздрав од Хрватска, земјата во која се заљубив“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.