Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски ја одигра најдобрата сезона во Бундеслигата. Со својот Хановер ја оствари посакуваната цел и сезоната во германската елита ја затвори со два гола во ремито против Лајпциг.
Кузмановски зад себе остави одлична сезона и вкупно забележа 94 гола, а двапати беше избран во идеалниот тим на колото во Бундеслигата, што секако е голем успех за македонскиот спортист. Следува период на одмор и потоа враќање во Германија по нови преди звици со Хановер.
Првите чекори во спортот Филип Кузмановски ги прави во родната Битола, но тие не се ракометни, туку фудбалски. Четири – пет години тој ќе биде дел од младинските школи на ФК Пелистер,
за на 13-14 години поради здрав ствени пр облеми да биде принуден да направи пауза од година дена, пред повторно да му се врати на спортот. Но, сега ракометот е во неговиот фокус.
Периодот на одмор годинава Кузмановски го искористи и да ја направи свадбената церемонија заедно со неговата избраничка Моника.
Како што е познато од 2019 година Кузмановски заплови во брачните води откако ја склучија граѓански брак со згодната велешанка Моника Игнова.
Тогаш свадбата се одржа под отворено небо во родниот град на младоженецот, Битола.
Моника има завршено Правен факултет во Скопје, а интересно е тоа што е братучетка на неговиот соиграч од националниот тим, Дејан Манасков.
Филип и Моника живеат во Германија, а од фотографиите на инстаграм кои што ги споделуваат двајцата може да се забележи дека едноставно уживаат.
Вчера, Филип и Моника ја одржаа венчавката во црква како и свадбената прослава во познат скопски ресторан.
Девојката ја прифати понудата за брак, а сега се направи и спектакуларна свадба. На овој настан присуствуваа повеќе ракометни имиња, колеги од репрезентацијата, пријатели.
Во скопскиот ресторан Винарија Камник македонскиот репрезентативец и неговата понежна половина ги пречекаа многубројните гости им направија свадба за паметење.
Сите камери и фотоапарати беа насочени кон нив, а парот го одигра и првиот танц под ведро небо.