Животот пишува романи, не попусто се вели ова, а уште кога од мали нозе ќе се почуствува несигурноста, немањето топла прегратка, тогаш тоа е премногу.
Кога едно мало девојче на свои 7 годин ќе ја почуствува празнината на немањето мајка и кога целиот живот ќе и оди во удолнина е преголем залак, но сепак ова мало ангелче се избо ри.
Малата Јана живееше во тешки услови со нејзиниот татко Горан и баба, во стара куќа без бања во село Тополац . Јана ја изгубила својата мајка која неизмерно ја сакала и со која била бескрајно поврзана.
– Нејзината мајка по чина во 2018 година по долга бит ка со многу тешка бол ест, два месеци откако Јана тргна во прво одделение. Речиси две години се бор еше, како што изјави тогаш таткото на Јана, Горан, во својата емотивна испов ед.
– Мојата сопруга ми рече: „Само да ја одведам во прво одделение“. Едвај успеа да ја однесе најмилата во училиштето кое е само на 200 метри од нашиот дом. Кон крајот на октомври веќе не можеше да оди и тука заврши се– вели таткото на Јана.
Но како што велат после дожд доаѓа сонце, можеби малку покасно, но сепак не предоцна дојде светлината во домот на малата Јана.
Според хуманитарната организација ,, 28 јуни” која собрала средства за куќата, по тра гичниот настан животот на ова семејство целосно се променил.
На 73-годишната баба и беше сè потешко да се грижи за куќата и внуката, особено без кујна, бања и основни предмети за домаќинството. Се погриживме Јана да има покрив над главата и безбеден, топол дом, стои во соопштението.
Јана е толку скромна и прекрасна девојка, која и покрај сите проблеми е одлична ученичка. Таа е благодарна за сета помош и задоволна со тоа што го има.
Таткото на Јана, Горан и бабата, секојдневно работат напорно за да ѝ овозможат нормален живот на нивната сакана и мило ни е што им помогнавме во тоа, додаваат од организацијата.