Визер објави важен момент – поврзан за авионите

  • By admin
  • јуни 9, 2022
  • 0
  • 334 Views

Најголемиот авиопревозик во Македонијат, Визер која е најбрзо растечката и најодржлива ултра нискобуџетна авиокомпанија во Европа, потпиша Меморандум со Ербас за да го истражи потенцијалот за работа на авиони со водородедн погон.

Соработката значи дека Визер ќе го анализира потенцијалот за високо ефикасна, ултра евтина работа на водород. Тоа ќе му обезбеди на Виз многу подлабоко разбирање за тоа како управувањето со авион на водороден погон со нулта емисија на стакленички гасови може позитивно да влијае на идниот бизнис модел на авиокомпанијата.

Целта на овој Меморандум е да се идентификуваат и оперативните и инфраструктурните можности и предизвиците на авионите со водороден погон.

Двете страни ќе соработуваат за да развијат длабоко разбирање за: Еволуцијата на глобалниот водороден екосистем од перспективите на општеството, регулативата, цените на енергијата и инфраструктурата за снабдување со водород.

Влијанието на водородните авиони врз флотата, опер ациите и инфраструктурата на Визер, вклучително и нејзината мрежа, распоред, копнени бази и аеродроми, со разгледување на специфични карактеристики на авионите, како што се растојанието кое можат да го поминат и времето на полнење гориво.

Јохан Еидхаген, главен директор за човечки ресурси на Визер изјави:

„Во Визер, ние остануваме амбициозни со нашата стратегија за раст да ја исполниме нашата посветеност да го направиме патувањето достапно за сите, притоа обезбедувајќи одлично искуство на клиентите на една од најмладите и најеколошките флоти во Европа.

Ние веруваме дека растот и одржливоста се движат во паралелна меѓусебна корелација, со врвна нова технологија што го отвора патот кон поодржливо воздушно патување. Овој значаен договор со Ерба ќе го унапреди одржливото воздухопловство низ целиот свет преку развој на ултра-ефикасни делувања и деловни модели во иднината. Ние сме апсолутно вооду шевени и со нетрпение очекуваме да ја започнеме нашата соработка“.

Глен Левелин, потпретседател на одделот за авиони со нулта емисија на Ербас изјави:

„Работата со нашите клиенти е најважна за развој на климатски неутрален авион со нулта емисија до 2035 година. Многу сме задоволни што го имаме Визер како соработник во тековните истражувања и развој на барањата за опе рации на водородни авиони во авијациски екосистем на водороден погон.

Разбирањето на перформансите на флотата и мрежата на авиокомпаниите ни овозможува подобро да ги дефинираме архитектонските карактеристики за иден авион Зеро, како и влијанието врз аеродромите, копнената поддршка и мрежата на рути.”

Овој Меморандум со Ербас се надоврзува на позицијата на Визер како еколошки најефикасен избор за авионско патување и кампањата за одржливост на авиокомпанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.