(ФОТО) Кире Лазаров ретко ги покажува во јавност – синот Благојче и ќерката Лана веќе пораснаа

  • By admin
  • јуни 9, 2022
  • 0
  • 421 Views

Најдобриот македонски ракометар и еден од најдобрите во историјата на овој спорт Кирил Лазаров деновиве а актуелна тема ширум европа откако објави крај на кариерата.

По повеќе од две децении професионален ракомер, безброј постигнати голови и освоени трофеи, најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров објави дека заминува во пензија од активно играње.

Почитувани, моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но сепак очекувана. Тешка затоа што го работев тоа што го сакам, од срце, со многу страст и ентузијазам.

На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот.

Не сакав оваа одлука да ја соопштам многу порано, иако знаев дека е крај, дека е последна сезона. Сакав да бидам професионален и мотивиран, каков што бев во текот на целата моја кариера. Кога нешто работиш со голема љубов, можеш да поместиш граници.

Заминувам со гордо крената глава, играјќи за клубови-институции како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона, Нант. Клубови, градови и земји каде останував минимум пет години, што ја покажува обострано стекнатата доверба со луѓето со кои соработував. Довербата се стекнува со многу труд, посветеност, константност.

Тоа посебно ме прави горд што не затворив врата во тие спортски институции. Почнувајќи од мојот матичен клуб, Овче Поле, преку Борец и Пелистер, полека, со правилни одлуки и цврсто на земја, без никакви илузии, зачекорив со Европа.

Многу титули, многу успеси и разочарувања, подеми и падови, победи и порази, ситуации каде некогаш не се гледал излез, но со многу верба, посветеност и чесност успевав да застанам на нозе и да продолжам понатаму.

Посебно ми е драго што, покрај обврските кон овие ракометни институции, наоѓав, време, желба и страст да бидам во служба на нашата национална репрезентација. 25 години и тринаесет големи натпреварувања со една мала земја, секогаш аутсај дер против големите, секогаш со голема верба дека Давид може против Голијат, играјќи дури и во петтата деценија од животот за својата земја, ми дава за право секого да погледнам во очи, дури и некогаш да не сум исполнил нечие очекување.

Јавно се заблагодарувам на моето семејство за поддршката целиот овој период.

Благодарност за моите блиски луѓе, кои не се многубројни, но не се ни малкубројни. Самите ќе се препознаат во овие зборови. Благодарност до сите фанови кои ги имав во голем број во текот на целата моја кариера, кои знаеја да препознаат тешки ситуации и дадат поддршка кога е најпотребно заедно да се радуваме, па дури и во болните порази, од кои заеднички излегувавме посилни.

Завршувањето на играчката кариера е само едно кратко довидување од ракометот. Мојот веќе новозапочнат предизвик е тренерскиот повик и верувам дека и тука заеднички ќе се радуваме, тагуваме и надградуваме, поместувајќи нови граници.Моето мото кое пак ќе ме води ќе биде –Секогаш на победа“.

Кирил Лазаров го имаше последниот танц пред домашната публика на Нант. Во последното коло од францускиот шампионат нашиот ракометар имаше одлична претстава против Тулуз, а по натпреварот клубот му приреди спектакуларно збогум.

Имено, сите присутни на трибините ставија круни на своите глави, ракометарите беа облечени во специјални маици, а кога Лазаров се појави во салата го чекаше круна и кралски стол.

Веднаш зад него беше неговото најголемо богатство, поточно фамилијата. Сопругата Љубица и ќерката и синот Благојче и Лана кои Кире не ги експонира многу во јавноста.

Многумина децата на Кире ги знаат како мали, но сега од фотографиите се гледа дека тие пораснале и се израсни за нивните години, што би се рекло, ген си е ген.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.