(ФОТО) Сопругот на Гавазова остана без зборови – не успеа да ја опише неговата кралица

  • By klaster3
  • јуни 1, 2022
  • 0
  • 530 Views

За Сузана Гавазова буквално нема застој. Што се вели не може крајот да и се најде. Откако мерките опуштија таа постојано е со настапи, како кај нас така во странство.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова се почесто е присутна во медиумите, а има и зошто. Сузе која важи за една од нашите најубави и најзгодни жени на македонската јавна сцена знае како да привлече внимание.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со војата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Пејачката започна професионално да се занимава со музика уште од многу млада, а популарност стекна и надвор од Македонија.

Во последно време често е надвор од нашите граници со настапи. По зимската и пролетната турнеја во Америка и настапите во Бугарија, Германија, Шведска, за првпат настап имаше и во Данска.

Сузана Гавазова освен што е одлична пејачка е и голема домаќинка, особено во кујната. За популарната македонска фолк пејачка Сузе ниту еден ден не е потрошен без забава и моменти кои ја исполнуваат.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите.

Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ. Тие од нивниот брак ги имаат ќерките Емили и Селена, а пред да се вратат во нашата земја живееја во Шведска.

Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

– Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката.

Нејзиниот сопруг се гордее со неа и и е најверна придружба секаде каде што настапува, било да е низ Македонија или во странство.

Секој миг го користи да и упати убави, пофални зборови и често комплиментите ги споделува на социјалните мрежи. Очигледно и овојпат човекот врие од љубов кон Сузе, па неговите чувства ги сподели на неговиот Фејсбук профил.

„Половина час размислувам што да напишам, но фејсбук не ми дозволува да ги напишам тие милион зборови за да ја опишам оваа Жена“, напиша Јасмин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.