„Некст тајм“ не запираат – со гордост најавија: Веруваме дека ова е нешто што ќе остане

  • By admin
  • јуни 1, 2022
  • 0
  • 282 Views

Етно-поп дуо Некст Тајм веќе и е добро познато на македонската поширока јавност, бенд кој опстојува долги години на нашата сцена.

Негови членови се двајцата браќа – близнаци Мартин и Стефан Филиповски. Стефан е водечкиот пејач во групата додека Mартин свири на гитара и е придружен вокал. Групата ја претставуваше Македонија на Евровизија 2009 во Москва, Русија.

Некст Тајм се формира на почетокот на 2008 година и потпишаа договор со План Б продукција. Пред тоа настапуваа како бенд на музички фестивали за деца.

Откриени биле од композиторот и текстописецот Јован Јованов. Ова македонско дуо во тој период го пуштаат нивниот прв сингл „Не верувам во тебе“ во мај 2008 година.

Во последно време тие се фокусирани на преработки на стари македонски песни, нешто кое и оди повеќе од добро за што сведочат реакциите на јавноста.

Откако неодамна промовираа видео запис и преработка на „Кога падна на Пирина“, момците од Некс Тајм не запираат и најавија уште еден проект:

Со гордост Ви го најавуваме нашиот најнов Албум МАЈКА.

Големата промоција на Албумот ќе се одржи на ден 07.06.2022 во Скопје мериот хотел во 20:00 часот, во главната сала за настани на втори спрат.

Промоцијата е од отворен тип, и ќе имаат можност сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат нашата музика, да присуствуваат и да уживаат во мини концертната изведба на дел од песните што се наоѓаат на самиот Албум.

Албумот се изработуваше долг период под палка на Никола Мицевски, а е снимен и мастеризиран во Хлстудио Момироски.

На албумот има девет (9) композиции од кои една е Бонус трака за песната “Ја излези Ѓурѓо”, која што е во ново руво и во дует со Влатко Лозаноски Лозано.

Веруваме дека ова е нешто што ќе остане! Важно: Албумот МАЈКА ќе може да се купи само на самата промоција, и ќе биде во лимитиран број. Ве очекуваме

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.