(ФОТО) Сузана Гавазова испофали двајца свои македонски колеги: Пејачишта

  • By klaster2
  • мај 30, 2022
  • 0
  • 363 Views

Струмичанката Сузана Гавазова е една од ретките македонски пејачки за кои не е потребно да се трошат многу зборови. Таа е докажана на музичката сцена во Македонија, но и ширум дијаспората, каде што е доста барана.

За тоа говорат многуте настапи кои едноподруго ги одржува откако олабавија мерките. Зад себе има голем број на турнеи.

Не само во Америка, туку и во Канада, Австралија, Холандија, Швајцарија, Германија, а минатиот месец за првпат и во Данска.

Покрај својата музичка дарба, од почетокот на кариерата се издвојува и со физичкиот изглед. Од споделените фотографии и видеа е јасно дека посветува внимание и ја одржува нејзината фигура.

Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.

Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Во брак е со Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тие се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Иако живееја шест години во Шведска, сепак решија да се вратат во Македонија, заедно со сопругот и двете ќерки. Таа често ги пакува куферите и заминува на настап, а нејзиниот сакан и е верен придружник.

Инаку деновите се одржа познатата манифестафија ,,Прилеп Фест” каде што доста познати македонски изведувачи настапија во Прилеп.

Меѓу нив беше и Сузана Гавазова, која ја искористи приликата и се дружеше со своите колеги, а еден од нив го издвои како најдобар.

Таа на социјалните мрежи сподели фотографија со својот колега Марјан Коцев и накратко напиша: Најдобар другар и колега

А потоа уште една фотка на која е и Цаки Кисми и напиша: Пејачишта

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.