Авалон Продукција со години важат за водечки во она што го прават и тоа со успех, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.
„Одамна престанав да се бавам со големи мисли. А, со големи зборови и уште помалку. Не вреди. Немам веќе ни со кого, а ни против кого.Ама, време е за една патетична која протече и дојде сама.
Кога најмногу ми требаше. Ко што дојде и дождот во Скопје на сред концертот на Дип Парпал… во облик на не време, за сатисфакција за да… знаете веќе што.
А патетиката, како и егото, суетата и претенциозноста не мора секогаш да се лоши чинови ако имаат поткрепа во резултатите на тој кој ги “упражњава… са времена на време” се разбира.
Тогаш се човечки. Инаку се патетични. Авалон овие 30 години имаше многу подеми и падови. Победи и порази.
Како нешто што сепак создава, некаква историја во некаква држава (а, историските потези историјата покажува дека скоро секогаш се препознаени ем предоцна, ем од криви лица), очекувано е така да се движи животот и кариерата.
Една од моите најголеми победи сепак не е историска. Таа дојде вчера. Случајно. Таа е топла, човечка, животна. Тоа е оваа фотографија- дедо и внук заедно на концертот на Дип Парпал
Насмеани, среќни, весели и задоволни. И јас не памтам кога душата последен пат толку ми се насмеала и кога на лице место ме облеала толкава среќа и задоволство.
Победа! Ги замолив да ги сликам. Една слика- милион ќеифи кои со ништо не може да ми се наплатат. Па, може ли поголема сатисфакција да добијам од ова за она што го работи Авалон?“ – стои во текстот од Бобан Милошески, газдата на Авалон Продукција.