(ФОТО) Дебарлиева отпатува од Македонија, стави кацига и се проба во спортот за кој треба храброст

  • By admin
  • мај 29, 2022
  • 0
  • 443 Views

Добро позната лице кое опстојува долги години на малите екрани, тоа е Билјана Дебарлиева. Таа е една од најпознатите Македонска ТВ презентерка, жената која долги години ја гледаме на телевизија и е една од нашите најубави водителки.

Дебарлиева важи и за синоним за отменост и елеганција, кај која годините како да немаат никаква улога.

Исто така една е и од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик преку совршеното изговарање на зборовите додека ги презентира дневните вести.

Нежна, сензуална, пријатна за гледање и слушање, таа едноставно е оригинална и единствена како во она што го работи, така и со својата појава.

Дебарлеива својата кариера ја започна многу млада на Македонската телевизија, а оттогаш во нејзината кариера продолжи да работи на различни проекти.

Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа според нејзиниот физички изглед.Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

Билјана е повеќе од 25 години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.

Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува

Според некое непишано правило, за годините на припадничките од понежниот пол не се зборува, бидејќи на секоја возраст жената си носи своја убавина.

Викендов Дебарлиева реши да патува, а тоа го направи во Црна Гора каде што реши да се проба во рафтинг на Тара, за што сподели фотографии на својот инстаграм профил.

Како што е познато, рафтингот не е нималку лесен спорт и за него кај многумина е потребно да соберат храброст за да го пробаат со оглед на условите, а тоа се немирните води и гумениот чамец кој не е стабилен за време на спусттот низ реката и брзаците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.