Некогаш ги полнеше клубовите, а сега пее за 50 евра од настап – се доведе до непрепознатливост

  • By klaster2
  • јуни 3, 2022
  • 0
  • 515 Views

Пејачот Сејо Калач, кој се прослави со многу хитови кој и ден денес се популарни, моментално настапува по кафеани за 50 евра и според блиски негови луѓе тој е доведен до непрепознатливост.

Сејо Калач моментално живее во Хрватска, а неговата зависност од алк охол наводно започнала кога го напуштила жената.

– Во екот на својата популарност, кога беше најбаран и најценет во регионот, запознал девојка од Словенија, по која целосно одлепил.

– Поради неа ја оставил сопругата со која има две деца. Се беше супер со таа жена се додека неговата кариера не почна да стагнира.

– Потоа таа го остави. Тоа му падна многу тешко, оттогаш почна многу да пие, а ретки беа деновите кога беше трезен. Пробуваше да се излечи но сето тоа беше краткотрајно, вели изворот за Курир.рс

– Тешко е да го гледаш во таква состојба. Тој пее во една кафеана каде што има малку маси и резервации. Шефот ќе му даде 50 евра, ако не ги испие однапред.

– Многу ја сака песната и сака да пее, но додека е во таква состојба никој не сака да го вработи. Во дискотеките кај Книн, сопствениците му забраниле да влезе.

– Се опи ва и прави проблеми, сака да се качи на сцената и да настапува во таква состојба. Сè излегува од контрола кога ќе ве превземе пиењето, заклучува изворот.

Во едно од интервјуата пред неколку години, Сејо изјави дека утехата ја нашол во алко холот поради се што му се случило во животот.

– Алко холот ме доведе до дното и многу ла жни пријатели, кои ја искористија мојата тогашна состојба да живеат на моја сметка и да ме искористуваат.

Низ разговор, дружење, контакти… Денес сум еден друг Сејо, Сејо кој отсекогаш сум го посакувал. Мирно, спокојно, далеку од алк охол, велеше Сејо кој сепак не се држи до зборовите, вели изворот за Курир.рс

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.