Во Македонија ги продале и куќите, но желба им е да се вратат во родната земја бидејќи Америка е студена

  • By klaster3
  • мај 29, 2022
  • 0
  • 466 Views

Како што е познато, нашиот најголем културен амбасадор, Ансамблот „Танец“, со концертот во Њујорк ја заокружи двонеделната успешна турнеја во Канада и во Соединетите Американски Држави.

Со девет концерти во осум сали, со речиси десетилјадна публика и многубројни аплаузи, ансамблот настапи на престижни сцени во театрите во: Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Питсбург, Кливленд и Њујорк.

Членовите на „Танец“ беа одлична можност за презентација на македонската култура и фолклорна традиција пред публиката во овој дел од светот, која проследи повеќе кореографски изведби од богатата вокално-инструментална ризница.

Претседателот на Угостителско-туристичката комора при Сојузот на стопански комори на македонија, Аркан Кирим исто така беше во работна посета на Северна Америка со цел промоција на македонскиот туризам.

Раскажува дека во Детроит мнозинството иселеници се од тетовско, оние кои останале без работа за време на поранешен Југохром се иселиле таму.

На сите нив желба им е еден ден да се вратат во родната земја бидејќи Северна Америка е студена и во текот на зимата температурите се спуштаат и до -60 степени Целзиусови.

– Имав конкретна средба со коморите на Канада и Америка, имав официјална средба со нашите конзуларни претставништва таму, со врвни авиокомпании. Имавме средба и со нашите иселеници коишто исто така ќе ни помогнат во промоцијата.

Многу е интересно што многу од иселениците наши што живеат таму многу одамна не биле во родните краишта, па ќе ги натераме некако да дојдат да ги посетат, вели Аркан Кирим.

Се надеваат дека во септември македонската угостителско-туристичка комора заедно со партнерите од Турција да организираат македонска вечер во Торонто, Чикаго и Њујорк за презентација на туристичките потенцијали, но не само на Македонија, туку и на земји од Балканот.

– „Танец“ ни е фактички најголемиот амбасадор, најголемите туристички амбасадори на Макеоднија се играорците на „Танец“. Имаат такво едно одлично претставување на северноамериканскиот континент што верувајте ми, јас на концертите што присуствував не можев да се воздржам. Нашинците коишто беа на концертот грото плачеа, раскажува тој.

Не само нашите, туку и американците присутни на концертот со восхит го следеле ефективниот и оригинален концерт и се заинтересирале за нашата култура.

Иселените во број се преку еден милион кои живеат во Торонто, Детроит, Њујорк и Чикаго. Аркан Кирим вели дека мора постои иницијатива кај македонските туристички агенции бидејќи не може да се чекаат туристите сами да дојдат, туку треба да се донесат во земјава.

– Нашинците ги продале своите куќи, но ги влечат корените и како туристи сакаат да дојдат да ја посетат родната земја, раскажува претседателот Керим.

Еден од проблемите со кој се соочуваат е работната си ла. Со сите поскапувања неопходно е како што вели зголемување на цените на сместувачките капацитети во земјава.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на  ТВ 21.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.