(ФОТО) Македонската фолкерка се пофали: По трети пат кажав Да

  • By klaster3
  • мај 27, 2022
  • 0
  • 505 Views

Сања Гроздановска или скратено Сани низ годиниве што изминаа, од талентирана девојка која излезе од едно од македонските музички натпреварувања, прерасна во најголемата млада македонска фолк ѕведа.

Различна по многу нешта, со единствена харизма и ореол, без влакна на јазикот, со неодолив шарм. Едноставно со Сани нема утка, забавата е загарантирана, но не само на нејзините настапи.

Кога станува збор за македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се одамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје.

Годинава се поднови со нов Мерцедес Ц200 бела боја чија пазарна цена е околу 20.000 евра, но и стан во Скопје за кои вели дека си ги купила со свои заработени пари.

„Започнав да заработувам сама од музика уште на мои 16 години. Автомобилот, како и станот во кој живеам си ги купив сама. Преубаво е чувството кога не бараш ништо од никого, кога можеш да се потпреш на себе, на својот труд“, изјави Сани.

„Мене ми е исто и ништо не ми смени пан демијата со короната, јас и претходно и сега си ги имам тие настапи, и кога се случи тоа имав доволно пари за да го истерам тој период“, вели таа.

Македонската фолк пејачка во август 2018 година го кажа судбоносното ,,ДА” и влезе во брачните води со бодибилдерот Мартин Гроздановски.

Но набргу потоа тие според сознанијата на ,,Бекстејџ” се развеле, од првиот брак Сања има ќерка а сега и од вториот брак уште една.

– Сега сум најсилна во цел мој живот и ќе газам со нови песни и турнеи. Ги заборавив двата брака веќе се спремам за трет, вели низ смеа познатата фолкерка.

Сани е мошне активна и на социјалните мрежи и важи за личност која е директна и отворена и го кажува без „влакна на јазикот“ она што го мисли.

Згодната кумановка знае да биде многу забавна и кога е надвор од сцената, а за тоа доволно да сте и пријател само на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто и од приватниот живот.

Деновиве наголемо ја споделува и најавува нејзината долгоочекувана летна турнеја, за првпат во далечната Австралија, заедно со уште неколку македонски музичари.

Освен тоа, со сигурност го привлече вниманието на јавноста и нејзините фанови затоа што на Инстаграм стори се пофали со прстен на рака и напиша: По 3ти пат кажав ДА!!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.