Добро познато е дека Македонците се чести посетители на српскиот град Врање. Посетите беа зголемени кога започна вакцинацијата против вирусот, па илјадници граѓани одлучија дозите да ги примат во Србија.
Освен тоа, Македонците го посетуваат Врање и за да пазаруваат. Посетите се интензивираа по укинувањето на мерките меѓу земјите кои важеа поради пандемијата. Најчесто гостите таму се од Македонија, но врањанци за викенди често го посетуваат Скопје или Куманово.
Скопјанката Маре Томова вели зошто сакаат да доаѓаат: „Убаво е да се биде овде, одиме во кафуле, ручаме, друштво, понекогаш остануваме да спиеме, па има музика, за малку да смениме атмосферата”.
Тоа се главно причините поради кои и други Македонци го посетуваат Врање. На некои им е важна и економската страна, доаѓаат да купат намирници.
„Едноставно, гледаме како е кај нас и како е кај вас, ако ни се допаѓа нешто, можеме да купиме, ако не, ќе се прошетаме, ќе ручаме и ќе си одиме“, вели Добринка Стојева од Скопје.
Нејзиниот сограѓанин Пане Трајковски смета дека поради криз ата кај сите состојбата со храната е приближно иста:
„Бензинот е малку поскап кај вас, а инаку храната е тука некаде, масло нема и кај вас како кај нас. Ама, се наоѓа нешто за внуците и така натаму. Купуваме мали подароци, шетаме, се дружиме а веќе нема ни гужва на граница“.
На граничниот премин Прешево нема гужва и чекање за автобусите ниту за автомобилите, но поевтино е да се дојде од Скопје со организиран превоз.
Главниот град на Скопје и Врање се оддалечени 90 километри, а гости доаѓаат и од други места. Велат дека имаат пријатели во Врање. Сакаат да се шетаат, да им купат нешто на внуците, но и за дома.
„Одиме по месарници затоа што сме љубители на добра сланина, домашен колбас, па најчесто купуваме“, вели Маре Томова.
„Нешто сувомеснато, нешто убаво, овде кај вас е поевтино, но не поради цената, туку поради квалитетот, да ви кажам право“, вели пред камерите на РТС.
Во претходните две години Македонците доаѓаа во Врање поради ва кцината против вирусот. Од почетокот на мај во Здравствен дом се дојдени дваесетина да примат доза.