Немања со тешко срце: Многу сакам да тренирам фудбал, но моите немаат пари

  • By klaster2
  • мај 10, 2022
  • 0
  • 328 Views

Во близина на Крагуевац, еден од најразвиените градови во Србија, се наоѓа селото Чумиќ, каде екипата на ,,Србизасрбе.орг” го посети семејството Миливојевиќ.

Сцената што ја наоѓаме, на малиот имот на Миливојевиќ говори доволно. Куќа без фасада, со покрив кој повеќе личи на тунел во куќата отколку на покрив, ќерамиди во лоша состојба и четири љубопитни деца.

Домаќинот Миомир и неговата сопруга Лепосава нè запознаваат со главната просторија во куќата, која има повеќе намени и се трансформира во зависност од потребите на ова многудетно семејство.

Некако мирно, како одамна да се помириле со ситуацијата во која се наоѓаат, ја започнуваат приказната за нивните животни околности:

– Ова е просторијата во која најчесто престојуваме, бидејќи некако ни е најтопла. Најмалите деца спијат со сопругата на овие руинирани кревети, а јас сум во другата соба со моите два поголеми сина.

– За жал, немаме ништо подобро, а од платите не можеме да очекуваме повеќе, освен да собереме за најосновните. Успеавме да го направиме ова додека имав постојана работа.

– Важно е нашите деца да се здрави, а за останатото ќе се справиме некако. Нашата најстара ќерка Кристина (25) ја изведовме на правиот пат, па таа основа свое семејство и повеќе не живее со нас.

Откако го посетивме останатиот дел од собата, навистина се запрашавме како е можно некои од децата да немаат посериозни респи раторни проблеми.

Мувла и влага избиваат од секој агол, столаријата одамна не ја извршува својата примарна функција, а помислата дека децата спијат на душек на бетонскиот под загиржува.

Но, Немања (13), близнаците Предраг и Ненад (11) и најмладата Јована (8), не беа толку мра чни како што им е мра чно секојдневието.

Најзборлив беше Немања, кој во отсуство на постариот брат Стеван (23) ја презеде одговорноста малку да не запознае со неговите желби и фантазии:

Многу го сакам фудбалот. Моја желба е да тренирам во клуб во Крагуевац и еден ден да станам фудбалер, но мама и тато нема да ми платат членарина и да ми купат топка. Сè што знам, научив преку играње со другарите на училишниот терен.

Најмладата и најслатка Јована, срамежливо додаде: Ми се допаѓа училиштето и би сакала да станам учителка кога ќе пораснам.

ФОТО: ,,Срби за србе.орг”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.