Пред некој ден медиумите објавија дека спортист донирал дури половина милион евра за лекување на малиот Вукан Стојиљковиќ, но сакал да ја задржи неговата анонимност.
Вукан болед ува од спинална мускулна атр офија и е уште едно дете во низата на кое му треба најскапиот лек на светот. Милош и Ивана Стоијљковиќ, родителите на Вукан, неодамна изјавија дека имало голема донација од српски спортист кој сакал да остане анонимен.
– Тој е голем човек за нашето семејство, го промени текот на целата акција. Заедно со останатите луѓе кои досега помогнаа, тој направи многу за да го спаси Вукан.
Информацијата за уплатата ја потврдија и родителите на Вукан кои рекоа дека спортистот инсистирал да остане анонимен. Милош и Ивана Стоиљковиќ изјавија дека ова е прва донација, а за лекување на Вукан потребно е да се соберат уште 950.000 евра.
– Тој е голем човек за нашето семејство, го промени текот на целата акција. Заедно со останатите луѓе кои досега помогнаа, тој направи многу за да го спаси Вукан – изјави за „Новости“ мајката на Вукан, Ивана.
– Тој сакаше да остане анонимен. Не шо кираше со сумата. Ни даде можност порано да контактираме со болницата, ја забрза целата акција.
Но, српскиот портал Информер.рс објави дека всушност Никола Миротиќ е спортистот кој платил дури 500.000 евра за лекување на малиот Вукан Стоиљковиќ.
Кошаркарот на Барселона со години му помага на српскиот народ, а со овој гест сите ги остави без зборови. Често е дел од акциите што ги организира хуманитарната организација „Срби за Србите“.
– Закажавме термин да одиме на преглед на 18 мај.Сега брзаме да ги собереме останатите пари кои се околу 950.000 евра.Мора да бидеме што побрзи бидејќи е прашање за тоа кога ќе добиеме уште еден термин“, вели Ивана.
Таа додава дека се неизмерно благодарни за донацијата и дека немаат зборови да се заблагодарат, како и дека се работи за голем човек кој направил се од срце.