Дрвени лажици, сукала и разни дрвени предмети за домаќинството и ден денес се изработуваат рачни и им се нудат на граѓаните.
Со различни големини, за различни цели се изразботуваат а им служат на луѓето. Потребно е добро дрво но и многу напорна работа.
Побарувачка скоро и да нема, но сепак мора да се работи нешто и да се вади парче леб вели мајсторот Станојко Соколов од Кочани.
– Цените се движат во зависност и на останатите цени на пазарот. Јас лично ги изработувам овие предмети, вели Соколов за М-Нет телевизија
– Сето ова што го гледате рачно го изработувам, потребно е многу време а и треба голем труда да се вложи, вели мајстор Станојко.
– Кај нас не се цени трудот, тоа што го изработам никој не те прашува колку труд си вложил и низ што си поминал за да добиеш финален продукт.
– За да се направи една добра лажица, пред се е потребно добро дрво. Јас такво добро дрво пронаоѓам во планините каде што има добар избор.
Во село Полаки, кочанско има доста дрва но треба да се избере вистинското за да може да се изработи квалитетна и убава дрвена лажица.
Но загрижува фактот што младите не го наследуваат овој занает, но не само овој занает туки останатите кој полека но сигурно згаснуваат.
Останаа само возрасните кои рачно произведуваат најразлични предмети, а после нив останува само да се зборува за занаетот и нема кој да го наследи.