Сузана Спасовска: Едвај чекам да бидам пензионерка

  • By klaster3
  • април 28, 2022
  • 0
  • 588 Views

Македонската фолк-пејачка Сузана Спасовска македонската песна ја негува уште од 80-тите години и има снимено над 15 самостојни аудио и ДВД изданија.

„Сузе Национале“, „Бисерното грло на Македонија“, „Амбасадорот на македонската народна песна“ се само дел од синонимите за Сузана Спасовска.

За себе вели дека никогаш не била во брак, а ќерката Теона ја добила од човек со кој тогаш била во врска. „Теона го нема видено својот татко уште од нејзината едногодишна возраст“, објасни Сузана.

Желбата за пеење ја поседува уште од најрана возраст. Успева да стекне голема популарност и да се закити со статус на вистинска музичка ѕвезда кој постојано го одржува и оправдува повеќе од три децении.

Пејачката неодамна одбележа 35 години активна кариера и години поминати на музичката сцена, па по тој повод со јавноста сподели нешто уникатно на наши, но и пошироки простори.

– Веќе 3 години мојот музички опус се наоѓа на сите светски дигитални платформи, и македонската песна ја слушаат насекаде по светот, а денес, со гордост ви го најавувам мојот јубилеен музички проект – ЦД и КАСЕТА “Приказна”.

Јубилејно УСБ “Приказна”. УСБ- то содржи: Цд “Приказна”( 19 песни), дигитална музичка монографија на Сузана Спасовска, сингл “Да сум бистра вода” и 35 хитови подарок по повод јубилејни 35 години на сцената, сподели Спасовска.

– Јас ја имам сфатено мојата кариера како нешто најважно во животот. Не ми се потребни не знам какви златни чешми по дома и луди коли, јас едноставно вложувам во тоа.

Го земам од народот, ја земам и љубовта и енергијата и сето тоа за што сум платена и го враќам назад кај мојата публика, истакнува Сузана во емисијата 7/8.

Деновите и минуваат работно, околу проекти, Лешочки фолкфест, но и со нејзината внука Клара. Вели дека на свадби насттапува на пријателска база, само како специјален гостин.

– Немам време, секој ден работно, потоа друго работи околу Лешочки фолкфест, со внуката да се најде време, немам веќе време ни со пријателите да се видам.

Јас одвај чекам да бидам пензионерка, секако ке си продолжам ама на проекти и нешто за моја душа. Меѓутоа кога ќе бидам пензионерка ќе можам повеќе време да поминувам со внуката, признава Спасовска.

 

– Најсилна лага за мене е дека сум дебела. Стандардно сум со килажа, а секогаш ме прават дека сум дупло подебела, дури пред некој ден напишале дека сум се преполовила, сум ослабела

А јас цел живот имам 59,5 кг. камерата ме прави покрупна и кога ке ме видат во продавница викаат „Сузана Спасовска?“. Се вадат од памет, велам што ми фали толку, а тие „Дали е можно дека сте волку убава?“, низ шега додава Сузана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.