Влатко Лозаноски откри каде го пронаоѓа својот мир

  • By klaster2
  • април 22, 2022
  • 0
  • 272 Views

Несомнено популарниот ,,Лозано” е еден од најквалитетните музичари на македонската сцена а воедно и еден од најбараните.

Тој деновиве извади нова песна, работи на нови проекти а екипата на ,,Бекстејџ” разговараше отворено со него на неколку теми.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Ја пееше песната ,,Врати ме,, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе. Во октомври 2008

Со неговиот трет сингл ,,Времето да застане” ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија.

– Требаше да заминам на турнеи за Америка и Канада, но ситуацијата со корона вирусот си го направи своето, но се уште сме во контакт со нив таму и во догледно време ќе заминеме.

– Родум сме од село Белица, таму често поминвуаме време, полека но сигурно градиме една викенд куќа таму и тоа е местото каде го пронаоѓам својот мир.

– Исто така сум голем љубител на фудбалот, па 2-3 пати во неделата се собираме и играме фудбал со близнаците од ,,Некст- тајм” таму голема дружина сме.

– Најчудна понуда за пеење е од свадба и крштевка, мекици па се до по греби, не знаеве како да реагирам е на тие понуди. Исто имаше понуди да настапиме и за разводи.

– Кога сум во не волја и кога таа е од сферата на музиката се јавувам на луѓе како што се Лазар, Магдалена, Васко, тие се тие кој и во добро и лошо најдуваме решение.

– Исто така совет барам најмногу од сестра ми како и пријателите со кој од мали сме заедно и делиме буквално се, вели Лозано пред камерите на ,,Бекстејџ”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.