,,Семејството ме исфрли, немам ниту сијалица – животот на Рашит виси на конец

  • By klaster2
  • април 18, 2022
  • 0
  • 410 Views

Рашит Скендер до пред неколку години можеше нормално да работи и функционира, а потоа доживува не мили настани кои ќе му го променат животот.

Еден ден додека го чистел дворот се фатил за шипката од блиската трансформаторска станица, по што струјата си го направаила своето.

Рашит едвај преживеал, од тој ден животот повеќе нема да му биде ист, ќе му бидат отстранети рацете, а неизвесноста во неговиот живот ќе расте.

Рашит денес живее со своето куче во куќа која нема покрив, не е доизградена, нема фасада и греење. Услови за живот скоро па никакви.

За утринската програма на ТВ Пинк вели дека кучето му е најдобар пријател со кој спие во една соба од неговата недовршена куќа.

Струја има, но јас немам сијалица. Јас живеам овде со куче. И така ми оди животот. Одам кај семејствоот, ме избркаа, ми велат дека смрдам.

,, Одам кај соседот, тој ми дава некое парче храна да се справам да го истерам денот, но ова не е живот – вели овој човек кој поминал многу.

Му помагаат и неколку соседи кои го бањаат, варат кафе и му даваат храна. Тој вели и дека членовите на семејството му завртеле грб.

Никој не ми помага од моето семејство. Еден сосед ме бањаше, ме хранеше преку зима. Би побарал помош, да живеам што понормално – изјави Рашит.

Рашит бара да му се уреди барем една соба, за да има пристоен живот, помош при движење и да оди на вежби бидејќи му требаат протези.

– Ми треба помош да си ја средам бањата овде, некој пристоен кревет, да имам некои основни работи, кој и да прати нешто, ќе бидам задоволен.

– Едноставно не можам сам. Ниту сум способен за работа ниту имам некој денар со кој би дал на некој да ми помогне- додаде Рашит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.