Човечките не чесни игри немаат граници и одат до бескрајност, една таква приказна има Невзат Фејзулов од Делчево односно неговиот син Денис кој е изигран.
– Немам мирен сон, секојдневно ми ѕвонат на телефон, синот е со попреченост, па така после диците јас ги трпам, вели Невзат за ,,Делчево365,,
– Се работи за сум од 180.000 денари што јас сум запознаен само. Синот го носеле по исте можни продавници за пари во регионов.
– Тие му рекоа дека ќе му најдат жена и му најдоа, но го изиграа за 180.000 денари тој да подигне кредити и тие пари да растат и растат.
– Лошо имам слушнато за тие продавници за пари, секојдневно сум во неизвесност и не знам што и како ќе биде понатаму.
– Не се чуствувам безбедно, јас имам семејство, имам снаи и внуци и тие се изложени на ова секојдневно. Јас земам само 10.000 денари пензија.
– А синот зема само 4.000 денари месечно нега. Секојдневно ми ѕвонат сега ми велат последните рокови се и мора да се плати. Но што да им дадам душата ли да им ја дадам.
– Нема ништо друго освен изигрување на ова лице со попреченост и има празнина кога станува збор за заштитување на овие лица, вели Зоран Биковски од здружението КХАМ.
– Велам празнина бидејќи ваквите лица не секогаш можат трезвено да размислуваат кога се во прашање парите и можат да бидат изиграни.
– Oвде не е засегнат само еден човек, овде е засегната и сигурноста на повеќе членови од семејството, заклучно вели Биковски.