Д-р. Нико Беќаровски: Јасно ми е зошто сме толку дебела нација

  • By admin
  • април 14, 2022
  • 0
  • 403 Views

Од денеска маркетите ќе одлучуваат по колку литри зејтин ќе може да купи еден граѓанин. Министерството за економија препорача ограничувањето на купување на неколку шишиња без можност за купување на цели пакети.

Доколку препораката не даде резулатати – во вторник ресорното министерство одлука ќе достави и до Влада.

Според надлежните причината за ваквиот чекор е значителниот пораст на побарувачката поради која се нарушува редовното снабдување и со цел да се избегне непотребен недостиг на масло за јадење.

Постои сомнеж дека маслото кое се купувало во големи количини од страна на поединци било препродавано во но и надвор од државава по повисоки цени.

А на социјалните мрежи изминативе денови се забележаа и фотографии од маркети на кои одредени граѓани гупуваа и по 30 и повеќе литри зејтин.

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека масло за јадење по маркетите нема. Дел од нив сметаат дека причината е токму правењето на домашни залихи, дел пак прстот го вперија кај самите трговци.

Производители на масло за јадење во земјава досега неколкупати повторија, масло и залихи има, но побарувачката е зголемена.

Колку мерката ќе се почитува ќе утврдува Државниот пазарен инспекторат. Надлежните со порака до маркетите доколку некој побара да купи поголема количина на зејтин веднашп да биде пријавен во пазарен. Инспкторите се веќе на терен и вршат контроли. Мерката ќе трае до 31 мај.

Маслото за јадење, по неколкудневниот недостиг во најголемиот број продавници во земјата, од вчера „се продава како алва“. Во „Жито маркети“ вчера биле продадени околу 1,5 тон литри зејтин.

Но, не само од индивидуалните потрошувачи, туку, како што тврдат од овој трговски ланец, масло за јадење во големи количини изнесувале и дел од помалите трговци кои потоа го препродавале. Министерството за економија денеска ја ограничи продажбата на масло од сончоглед за јадење во големи количини до крајот на мај

– Останаа непродадени само 23 шишиња масло за јадење од вкупно 1.500 литри коишто вчера беа дистрибуирани во нашите маркети во земјата. Но забележуваме дека освен граѓаните, маслото го купуваат и дел од трговците кои имаат помали маркети и потоа таму го препродаваат по повисока цена.

Затоа ние планираме, иако уште нема одлука на менаџментот, да ја ограничиме продажбата на маслото за јадење на три литра по потрошувач, велат од управата на „Жито маркети“ и додаваат дека државата порано требала да ја ограничи продажбата на маслото за јадење.

Докторот специјалист токсиколог, Нико Беќаровски на својот профил на фејсбук на темата зејтин сподели статус во кој вели:

„Кога гледам како го раз грабувате зејтинот,  јасно ми е зошто сме толку дебела нација“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.