Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски. Освен што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.
Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.
Тој е еден од ретките наши пејачи кои пеат исклучиво македонски песни. Искрено жа ли што кај нас наместо македонската музика доминира српскиот турбофолк, но тој си останува доследен на тоа што е.
Веќе неколку години е во брак со убавата сопруга Ана со која имаат две деца, а самиот вели дека најголемата поддршка ја добива од својата сопруга.
Според него клучниот фактор за секој успех во секоја област е семејството – да се има разбирање, позитивна енергија и флексибилност помеѓу брачниот пар.
Пејачот во една прилика изјави дека покрај музиката и спортот е дел од неговиот живот, не како хоби, туку како неизоставен дел од неговото секојдневие.
Но, музиката му го одзема најголемиот дел од времето па не може целосно да се посвети на спортот. За да одржува кондиција секој ден вози велосипед по педесетина километри.
Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.
Знае да го привлече вниманието на јавноста, како пред извесно време кога немаше настапи и мораше да си најде нова занимација така што копаше бавча на село.
Знае како да ја забавува публиката, па на неговиот профил сподели дека вози велосипед со интересен коментар:
„Денес само до врв, повеќе неможев (а и немаше каде)“, а коментарите беа само со поддршка.
Се чини дека поскапувањето на нафтените деривати си го направи своето, па како и многумина граѓани, така и тој се реши за економично средство за транспорт.